Научниците можеби штотуку пронајдоа доказ за постоење на претходни универзуми

0

Научниците велат дека доказ за изминати универзуми може да постои на ноќното небо – имено остатоците од црни дупки од друг универзум.

Од објавите на New Scientist, идејата е базирана според нешто што се нарекува Conformal Cyclic Cosmology (CCC). Ова е теорија која вели дека нашиот универзум минува низ константни циклуси од Биг Бенг и компресии, отколку да е настанат од еден единствен Биг Бенг.

Додека поголемиот дел од универзумот би бил уништен преминувајќи од еден циклус во друг, овие научници велат дека одредена количина на електромагнетна радијација може да го преживее ваквиот циклус. Нивните сознанија се објавени на arXiv.

“Она што велиме дека го гледаме е конечниот остаток после испарување на црна дупка во претходен еон.” вели за New Scientist Роџер Пенроуз од Универзитетот од Оксфорд, коавтор на студијата и коосновач на теоријата.

Откритието доаѓа во форма на т.н. “точки на Хокинг” именувани по веќе починатиот Стивен Хокинг. Тој имаше теорија дека црните дупки можат да емитираат радијација уште позната и како Хокингова радијација и ова е тоа што Пенроуз и неговите колеги го сугерираат дека може да премине од еден универзум во наредниот.

Тие велат дека точките на Хокинг можат да се појават во остатоците од топлина во универзумот уште од Биг Бенг, познато и како космички позадински фон (cosmic microwave background – CMB). Точките на Хокинг би изгледале како кругови од светлина на мапата на CMB, познати како Б-модалитет.

Претходно се сметаше дека овие аномалиски точки во CMB се настанати или од гравитациски бранови или од меѓуѕвездена прашина. Но Пенроуз и неговите колеги велат дека нивната теорија може да создаде интригирачки одговор и една таква како што се точките на Хокинг може веќе е пронајдена од страна на BICEP2 project, кој се насочува кон мапирање на CMB.

“Иако изгледа прилично проблематично за космичката инфлација, постоењето на вакви аномалиски точки е импликација за conformal cyclic cosmology (CCC) “ напиша тимот во нивниот извештај.

“Иако има екстремно ниска температура при емитирање, во CCC оваа радијација е енормно концентрирана, резултирајќи со една единствена точка во текот на преминот во сегашниот еон.

Ваквата теорија не е без контроверзии. Најголем дел од нашите докази сугерираат дека ширењето на универзумот се забрзува, со податокот дека универзумот не е доволно густ да се компресира назад во една единствена точка и повторно да се прошири.

Ние сеуште немаме најдено докази за радијацијата на Хокинг, настрана точките. Па иако ова е интересна теорија, треба уште многу да се истражува пред да се тврди за постоењето на претходни универзуми.

Превод: Христина Милошевска

Извор: IFLS

Сподели.