Климатската нестабилност пред 2.5 до 1.5 милиони години создала во еволуцијата неколку особини кои ги сметаме за уникатно човечки, спроед нов научен труд во “Science”. Истражувањето го предизвикува тврдењето дека карактеристиките како долги нозе продолжено детство и поголеми мозоци се појавиле подоцна. Во истиот труд авторите исто така ја предизвикуваат категоризацијата на видови на раните човечки фосили.
Професор Сузан Антон, Др. Ричард Потс и професор Лесли Аиело пробуваат да ги постават човечките фосили во поширок контекст. Користејки го напредокот во реконструкцијата на палеоклимите и изучувањата на други цицачи добиле подобро разбирање за силите кои управивале со луѓето кои довеле до првото ширење надвор од Африка пред 1.85 милиони години.
Се до неодамна, еволуцијата на родот Homo била интерпретирана во контекст со зголемувањето на сувоста на Африка и експанзијата на отворените полиња. Но, авторите велат новите податоци за околината велат дека Homo еволуирал низ долги периоди населувајќи непредвидливи живеалишта надредени на основниот тренд на сувост.
Фосилите покажуваат докази дека човечката еволуција изгледа повеќе како грмушка отколку разгрането дрво со повеќе рани видови на Homo родот кои имаат исти карактеристики во големината на телото, мозокот и забите.
Овие две набљудувања се најверојатно поврзани. Повеќе различни и променливи средини би годеле на појавувањето на повеќе сродни видови отколку една единствена која би ги доминирала отворените полиња предходно сметани за првиот дом на нашиот род.
Потс вели: „Приказната на човечката еволуција која произлегува од нашите анализи ја изразува важноста на проспособливоста на променливите средини, отколку приспособувањето на една средина, во раните успеси на родот Homo.“ Истата флексибилност била големата предност на човештвото дозволувајќи ни на нас да цветаме во повеќе различни средини од било кој друг цицач.
Авторите исто така истакнуваат дека многу черепи од тоа доба не се совпаѓаат во генерално прифатената категоризација. Пет черепи од пред 1.8 милиони години од територијата на Грузија претставуваат едни од најраните луѓе надвор од Африка. Но, тие се разликуваат од одликите на кои се гледа како дефинирачки за Homo erectus, додека скелетите на Australopithecus sediba од јужна Африка имаат бизарна комбинација на карактеристики.
Авторите велат дена пред 2 милиони години постоеле две форми на луѓе кои трудот ги именува како групите 1470 и 1813. Двете се разликуваат по нивната анатомија на лицето. Коските кои ги делат овие групи се сметало традиционално дека припаѓаат на Homo Habilis и Homo rudolfensis, дефинирани според големината. Одлуката неформално да се групираат по броеви наместо да се предложат нови видови произлегува од немањето сигурни податоци за тоа колку видови ја сочинуваат секоја форма.
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: IFLS