Која е најголемата гравитација што може да ја преживееме?

0

Ако сакаме да колонизираме друг свет, наоѓањето планета со гравитационо поле во кое луѓето ќе можат да преживеат и да напредуваат ќе биде од клучно значење. Ако гравитацијата е пресилна крвта ќе ни биде повлечена во нозете, нашите коски би се скршиле и ќе бидеме приковани на земја.

Пронаоѓањето на границата на гравитацијата за човечкото тело е нешто што е мора да се направи пред да слетаме на нова планета. Тројца физичари тврдат дека максималното гравитационо поле во кое луѓето би можеле да го преживеат долгорочно е четири и пол пати повеќе од гравитацијата на Земјата.

суперземја

Суперземјата Кеплер-62ф, 40% поголема од земјата

Би можеле доколку бевте моќен човек од Исланд – или чудовиште од „Игра на тронови“ – кое може да носи со повеќе од половина тон на грб. За обичните луѓе оваа бројка е помала

За да ја откријат најголемата гравитациска сила во која човек може да функционира, Никола Пољак и неговите колеги од Универзитетот во Загреб, прво ја пресметале максималната сила на притисок на човечката коска. Врз основа на просечна коска од цицач, тие процениле дека човечкиот скелет може да поддржи гравитациска сила повеќе од 90 пати поголема од гравитацијата на Земјата. Но, ова е максималната сила кога тој стои во место. Кога би почнале да трчаме, стресот на нашите коски – додека тие се виткаат и виткаат – се зголемува за десетина пати. Ова значи дека би можеле да трчаме на планета со гравитационо поле околу десет пати повеќе од она на Земјата пред нашите коски да почнат да пукаат.

За одредување на максималната гравитација при која можеме да одиме, тимот се свртел кон Јулиус Бјорнсон, исландски „џин“ кој изодел пет чекори носејќи 640 кг на грб (поточно огромен трупец), соборувајќи рекорд стар 1.000 години.

Пољак вели дека подвигот на Бјорнсон е добра споредба затоа што оптоварувањето на нозете и мускулите во силно гравитационо поле е скоро исто како при носење на голема тежина на рамената.

Врз основа на тежината на Бјорнсон – и тежината на тој труп – Пољак проценува дека Бјорнсон сепак ќе може да направи неколку чекори на егзопланета со гравитационо поле околу 4,6 пати од нашето.

Бјорнсон – кого можеби го препознавате како Сер Грегор „Планината“ Клеган од ТВ серијата „Игра на тронови“ – е далеку од просечниот човек. Тој е 2.06 m, тежи повеќе од 180 kg, а во 2018 година стана првиот спортист кој победил на натпреварите Arnold Strongman Classic, најсилниот човек во Европа и најсилниот човек на светот во истата година.

Не задржувајте нè

Пољак и неговите колеги проценуваат дека максимумот за просечен човек е егзопланета со 3 до 4 пати појака гравитација  – но и тогаш ќе им треба ригорозен тренинг за да ја зголемат нивната мускулна сила на ниво на онаа на елитен спортист.

Пољак се надева дека ова дело ќе помогне во фокусирањето на нашата потрага по егзопланета погодна за живеење. „Сега знаеме дека нема шанси да се населиме на планети со многу пати појака гравитација“, вели тој.

Многу од карпестите егзопланети што ги најдовме се многу поголеми од нашата планета. Астрономите ги нарекуваат супер-Земји. Тешко е со сигурност да се каже каква е гравитацијата на друг свет без да се оди таму, бидејќи густината може да варира помеѓу планетите, но не е потребно многу за масата на планетата да се зголеми. Волуменот се зголемува како куб (^3), а површината како квадрат (^2), па дури и малку поголема планета би имала многу посилна гравитација.

Во моментов има 3605 потврдени егзопланети, од кои 594 имаат познати радиуси и маси кои се потребни за да се одреди нивната гравитација. Според пресметките на Пољак, 422 од нив имаат гравитационо поле еднакво или под 3,5 пати од Земјиното.

Што се однесува до „силниот човек“ Бјорнсон, има уште околу 35 егзопланети на кои тој би можел да направи неколку чекори.

Превод: Христијан Петрески

Извор: astronomy.com

Сподели.