Најголем број од планетите немаат магнетно поле за да овозможат развивање на живот

0
0100

Во потрагата за живот на други планети најмногу се фокусиравме на температурата, притоа занемарувајќи еден многу битен фактор, а тоа е важноста на магнетните полиња. За жал, се чини дека магнетните полиња налик она на планетата Земја се прилично ретки, што ни сугерира дека на голем број од планетите што ги откриваме нема живот.

На нивните сами почетоци, Марс и Венера имале вода во изобилие. Сега, научниците се убедени дека губитокот на нивните магнентни полиња и има овозможено на соларната радијација да делува на водената пареа од нивната атмосфера. Настанало губење на водородот, со што двете планети станале пустини какви што ги знаеме денеска. Па, дали сите планети што ги откриваме, а се наоѓаат во зоната погодна за живот се всушност рај како Земјата или пекол како Венера? Сара Мекинтајер од Австралискиот Државен Институт ја разработува оваа тематика и прави пресметки за тоа колкави се шансите на планетите да имаат магнентни полиња доволно силни за да овозможат услови на живот.

Мекинтајер известува дека од околу 496 планети пронајдени во близина на ѕвезди, само една од нив има можност за постоење на магнентно поле посилно од она на Земјата. Најголем дел од планетите воопшто немаат магнетно поле или доколку го имаат тоа е премногу слабо.

Јачината на магнетното поле се одредува со помош на формула базирана на некои фактори како што се на пример радиусот на планетата и големината и густината на надворешното течно јадро.

Вселенскиот Телескоп Кеплер ни има дадено добри податоци кога се работи за радиусот на планетите откриени од него. Мекинтајер додава дека значајните карактеристики на јадрото можат да бидат дознаени од ваквиот податок, заедно со масата на планетата и нејзината ротација. Деведесет и девет проценти од планетите во истражувањето на Мекинтајер имаат една страна секогаш свртена кон ѕвездата, сличен пример е Месечината и Земјата, со други зборови времето потребно за нивна ротација е исто како и времето потребно за еден круг околу ѕвездата т.е. револуција.

Најголем дел од овие планети орбитираат околу ѕвезди од М-тип (црвени џуџиња) коишто се склони кон огромни испуштања на радијација што воедно значи и дека е потребно магнетно поле многу посилно од ова на планетата Земја за да се сочува водата на истата таа планета.

Сите овие податоци и факти не потсетуваат зошто нашата планета е толку посебно место и зошто е тешка потрагата по живот на другите планети.

Превод: Христина Милошевска

Извор: iflscience.com

Сподели.