Црна дупка на само 1000 светлосни години од Земјата

0

Не може да ги видиме, но постојат. Црни дупки со ѕвездена масa расфрлени низ галаксијата. Астрономите само што ја идентификуваа до сега најблиската црна дупка до Земјата. Оваа блиска црна дупка до сега не била детектирана бидејки е многу мала и тивка. Детектирањето на црните дупки е многу потешко кога не консумираат материја од околниот простор при што не доаѓа до емисија или релфексија на било какво зрачење. Но, новооткриениот објект сепак оставил трага. Црната дупка се наоѓа во троен ѕвезден систем кој содржи две Б-тип на ѕвезди видливи од Земјата со голо око, наречен HR 6819.

црна дупла

(ESO/L. Calçada)

Кога астрономите направиле набљудувања на системот како дел од истражувањето на бинарни ѕвезди нашле нешто чудно. Орбитите на двете ѕвезди биле изместени. Последователните набљудувања со MPG/ESO 2,2-метарскиот телескоп при La Silla обсерватиоријата дел од  Европската Јужна Опсерваторија (ESO) во Чиле ја разоткриле причината. Една од ѕвездите со маса меѓу 5 и 7 сончеви маси орбитирала околу гравитациски центар во системот на секои 40 дена кој не бил другата ѕвезда која е многу подалеку. Кога биле анализирани орбитите било заклучено дека станува збор за систем од три а не два објекта кои танцуваат заедно. Бидејки третиот објект бил невидилив, шансите да биде едно нешто наместо сѐ друго биле големи.

„Невидлив објект со маса барем четири пати поголема од онаа на Сонцето може да биде само црна дупка.“ вели астрономот Томас Ривиниус од Европската Јужна Обсерваторија. Затоа, „… овој систем ја содржи најблиската црна дупка до Земјата за која знаеме.“ Системот е оддалечен само 1000 светлосни години.

Има уште еден труд кој моментално е во фаза на подготовка кој се однесува на природата на ѕвездите со повеќе детали. Анализите на тимот сугерираат дека црната дупка е со маса од минимум 4,2 сончеви маси што ја прави една од најмалите црни дупки. До денес немаме детектирано црни дупки помали од пет сончеви маси. Дали оваа црна дупка ќе го скрши тој рекорд се уште останува неизвесно. Она што истражувањто го покажа е дека е возможно да се трага по црни дупки преку набљудување на ѕвезди кои се движат чудно.

Досега повеќето од 50тината црни дупки со ѕвездена маса декетирани во Млечниот Пат се забележани при изблици на висока топлина и светлина генерирана при вшмукувањето на материја во нив. Техниката искористена во новото истражување нуди начин да се најдат претпоставените многу, многу повеќе црни дупки кои не се активни.

Не е прв пат потрагата по ѕвезди кои се однесуваат чудно да роди плод во форма на црна дупка , но секој систем кој го детектираме ни дава повеќе траги.

„Мора да има стотици милиони црни дупки, но ние знаеме за само мал број…“ вели Ривиниус. „Тоа што знаевме по што да трагаме не стави во подобра позиција за да ги најдеме.“

Системите како овој може да ни помогнат во решавањето на големите мистерии. На пример, набљудувањето на тоа како овие три тела стапуваат во итнеракција во систем кој содржи црна дупка може да е важно за разбирањето на тоа како системите со повеќе тела доведуваат до судири на црни дупки или неутронски ѕвезди кои созоздаваат гравитациски бранови.

Исто така тука е и случајот на LB-1, систем кој минатата година беше откриено дека содржи црна дупка со „невозможна“ маса пред неколку други тимови на астрономи да ја пронајдат грешката во трудот. Астрономите сеуште одгатнуваат и наоѓаат решенија за чудната природа на системот. Одговорот може да биде во HR 6819.

„Сфативме дека друг систем, наречен LB-1, можеби исто така е троен систем иако ни се потребни повеќе набљудувања за да кажеме со сигурност“ вели Мариана Хеида од ESO.

„LB-1 е подаелку од Земјата но е сепак близу од астрономски аспект, што значи дека можеби постојат многу повеќе вакви системи. Откривајки и изучувајки ги можеме многу да научиме за формациајта и еволуцијата на овие ретки ѕвезди кои ги започнуваат своите животи со над 8 сончеви маси и завршуваат како супернова која зад себе остава црна дупка.“

Тројните системи можеби се и прекурсори на спојувањата кај црните дупки и неутронските ѕвезди. Во овој контекст овој систем е многу интересен. За да колабира во црна дупка на ѕвездата прекурсор и треба маса поголема од 20 сончеви маси. Ѕвезда прекурсор со маса помеѓу 8 и 20 сончеви маси станува неутронска ѕвезда.

Двете ѕвезди во HR 6819 се смета дека се со околу 6 сончеви маси, што значи дека зад себе ќе остават бели џуџиња. Дали системот е типичен примерок или исклучок од трендот се уште не е познато.

Едвај чекаме да откриеме што може овој систем да ни покаже за нашиот универзум.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.sciencealert.com

Сподели.