На MВС расклопен модулот на надувување BEAM

0

После проблемите во првата етапа на пумпање, модулот BEAM е успешно расклопен на Меѓународната Вселенска станица. За неколку денови астронаутите за првпат ќе впловат во првиот модул од ваков тип кој може да биде користен во развојот на технологијата за лет на Марс.

Пумпањето на надувниот модул BEAM (Bigelow Expandable Activity Module) на компанијата „Bigelou“ (Bigalow Aerospace), кој пред неколку недели е споен со Меѓународната Вселенска станица (MВС) започна на 26-ти мај оваа година.

На почетокот, сè течело лесно. Прво астронаутот Џефри Вилијамс (Jeffrey Williams), кој се наоѓа на MВС, го отворил вентилот на модулот. Неколку секунди подоцна започнало пумпањето на воздух во модулот. Веднаш потоа Вилијамс го затворил вентилот за инженерите на Земјата да проверат дали дошло до пораст на притисокот внатре во модулот.

Оваа операција астронаутот ја повторил четири пати. Меѓутоа, наместо да почне да се расклопува, како балон во кој се пумпа воздух, со модулот скоро ништо да не се случило. После само неколку сантиметри модулот запрел и престанал да се шири.На MВС расклопен модулот на надувување BEAM

После скоро три часа обиди воздухот да се внесе во модулот во кратки млазеви, истиот и понатаму останал во скоро почетно склопениот облик. На Вилијамс му е јавено дека операцијата се прекинува додека не се утврди што се случува и што треба да се стори за модулот целосно да се надуе.

По проверката на податоците, инженерите на NASA и компанијата „Bigelou“ им пренеле на астронаутите на MВС дека можат да ја продолжат операцијата во сабота, на 28-ми мај. Со асистенција на колегата Тимоти Копр (Timothy Copra), Вилијамс продолжил со пумпањето на модулот, но значително побавно споредено со претходниот ден, со повремено вклучување и исклучување на вентилот преку кој што воздухот од модулот „Tranquility“ (Спокојство) е внесуван во надувниот BEAM. Овој пат се поминало без проблеми и модулот е успешно напумпан до својата конечена форма.

На MВС расклопен модулот на надувување BEAMВо склопена состојба BEAM потсетува на, како што еден аналитичар по астронаутика го опиша, „делумно сплескана конзерва“ со должина од околку два метра, а кога е целосно напумпан добива облик на лубеница со должина од околу три и пол метри, волумен од 16 кубни метри и маса од 1,4 тони.

Пристап на астронаутите во BEAM е планиран за неколку дена, кога инженерите од NASA ќе се убедат дека модулот е целосно безбеден за престој на луѓе во него. Планот е модулот BEAM да остане инкорпориран во MВС две години. За тоа време астронаутите неколку пати годишно ќе влегуваат во модулот да ја проверат работата на опремата и внатрешните услови. Секој од овие престои ќе биде краткотраен. Не е планирано, на пример, преноќување на астронаутите во модулот. После тоа BEAM ќе биде одвоен од станицата и по природен пат донесен во атмосферата, каде ќе согори.

Моделот BEAM е проектиран врз основа на концептот развиен во NASA во текот на 90-тите години на дваесеттиот век како дел од анализата за најефикасниот лет на луѓето на Марс. Направен е од неколку слоеви кевлар и други материјали отпорни на микрометеорити, способни долго да одржуваат постојан притисок внатре во модулот. NASA и уплатила на компанијата Bigelou, чие седиште е во Лас Вегас, околку 18 милиони долари за овој проект. Во оваа компанија планираат градење на поголеми модули на пумпање кои ќе се користат за престој на космичките туристи и летови на луѓето на Марс.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.