За време на рутинското пребарување на небото, во програмата Автоматско пребарување на небото за супернови ASAS – SN [1], со помош на телескопот Брутус (Brutus) кој се наоѓа на Хаваите [2], откриен е нов транзиент, најверојатно супернова во познатиот М објект, во галаксијата М66.
Откритието со код ASASSN-16fg е пронајдено на фотографиите снимени на 28 мај 2016 година и проценетиот сјај на објектот е 16,7 магнитуди во V доменот. Претходните снимки од 24 мај оваа година не покажуваат објект при гранична магнитуда 17,1 (V) V>17,1.
Позицијата на ASASSN-16fg е 69” од центарот на галаксијата М66 (z=0.002425, d=10Mpc, податоци од NED каталог), а апсолутниот сјај на објектот е -13,4 магнитуди (V).
Спектарот во опсег од 350 до 910 нанометри добиен со 2,4 метарски телескоп +YFOSC [3] покажува син континуум и P-Cygni профил на Балмеровите линии кои се поклопуваат со профилот SN 1999em супернови тип II три дена пред максимумот на неговиот сјај.
[1] All Sky Automated Survey for SuperNovae ASAS-SN
[2] ASAS-SN Unit-1 на Хавајските острови, попознати како Brutus 14 – систем од четири оптички 14-сантиметарски телескопи споени во еден телескоп (квадрипл) во склоп на Глобалната телескопска мрежа на астрономската опсерваторија Las Cumbres.
[3] Li Jiang Gaomeigu станица на кинеската астрономската опсерваторија Junan (YNAO)
Превод: Александра Бошкова
Извор:Astronomija