Во наредните две години можно е да се открие живот на Марс

0

НАСА е близу до откривањето на живот на Марс но светот не е подготвен за револуционерните импликации од откритието, вели „главниот научник“ на агенцијата. Др. Џим Грин предупредува дека двата ровери на НАСА и ЕСА можат да најдат докази за живот само неколку месеци по пристигнувањето на Марс во Март 2021. ExoMars роверот наречен и Розалинд, според британската хемичарка Розалинд Френклин, ќе трага по вонземен живот копајќи 2 метри под површината на Марс за да земе примероци.

јг

Dr. Jim Green: “NASA Chief Scientist”

Примероците ќе бидат здробени и анализирани за присуство на органска материја во мобилна лабораторија. Др. Грин го спореди потенцијалното откритие со тоа кога астрономот Никола Коперник во 16тиот век изјави дека Земјата орбитира околу Сонцето. „Ќе отвори цела нова линија на размислувања. Мислам дека не сме подготвени за резултатите“ вели тој за The Sunday Telegraph. „Загрижен сум за тоа бидејки мислам дека сме близу до откритието и давањето на некои изјави“.

Роверот Марс 2020 на НАСА пак ќе копа во карпестите формации на планетата пред да прати примероци назад на Земјата со што за прв пат материјал од Марс ќе биде донесен на планетава. Др. Грин додава дека откритието на живот на Марс ќе им даде на научниците нов сет на прашања за истражување. „Она што доаѓа по тоа е цел нов сет на научни прашања. Дали е вид на живот како нас? Како сме поврзани?“ вели тој. „Дали животот може да патува меѓу планети или пак имаме искра и вистинска околина за да настане живот – како нас или не како нас – врз основа на хемиската околина во која се наоѓа?“

Труд објавен месецов тврди исто така дека и Венера можеби била населлива пред 2 до 3 милијарди години пред нејзината атмосфера да стане неверојатно густа и жешка пред 700 милиони години. Според Др. Грин истражувањата сугерираат дека би можеле да постојат цивилизации на други планети. „Нема причина да се мисли дека нема цивилизации на друго место бидејки наоѓаме егзопланети насекаде“ вели тој.

Неговите коментари дојдоа помалку од 24 часа пред технолошкиот претприемач Елон Маск да го открие ново SpaceX летало дизајнирано да носи екипаж и товар до Марс или други планети во Сончевиот Систем пред да се врати на Земјата. Според Маск вселенскиот брод на компанијата е есенцијален за вијабилноста на веселенското патување поради можноста леталото да се користи повеќе пати. Бродот се очекува да полета за прв пат за околу два месеци и да достигне скоро 20 km пред да слета на Земјата.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: independent.co.uk

Сподели.