Мистериозните точки на Церера се дури и почудни одошто мислевме

0

Два неидентификувани светли региони беа забележани на џуџестата планета Церера, која се наоѓа во главниот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер. Сега, се покажа дека двете точки не се идентични.

Анализирајќи ги фотографиите добиени од вселенското летало Зора (Dawn) уште пред да влезе во орбита на Церера, научниците добија фотографија во боја која открива разновидност на површината. Како што се очекуваше, на површината има  многу кратери, но бројот на големи кратери е многу помал од очекуваното. Разликите во морфологијата и бојата на површината на Церера укажуваат дека таа некогаш била активно тело.

Мистериозните точки на Церера се дури и почудни одошто мислевме

Вештачки обоена фотографија од Церера, која прикажува што би видело човечкото око. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/UCLA/MPS/DLR/IDA

Пред многу години, употребувајќи го вселенскиот телекоп Хабл, научниците забележаа повеќе светли региони на Церера, кои сега Зора ги набљудува од многу поблизу. Со помош на видливиот и инфрацрвениот спектар е испитувана температурата на површината на Церера и првите истражувања укажуваат дека светлите региони на површината се однесуваат различно.

Двете точки, кои досега се најсветлите забележани на Церера, се наоѓаат во кратер кој е широк 92 километри. Се наоѓаат во регион означен со 5 (прикажана на фотографијата горе, втор ред) кој има слична температура како околината. Има и поинаква светла карактеристика која одговара со регионот означен со 1 (прикажана на фотографијата горе, прв ред), кој е поладен од останатата површина на џуџестата планета.

Додека двете точки ги има на сликите во видливиот спектар, подоцна ги нема во инфрацрвениот спектар. „Точката 5 не покажува различно термално однесување“ изјави Тоси за „New Science“. Можно е сѐ уште да нема доволна резолуција.

Научниците се надеваат дека ќе имаат повеќе информации откако Зора ќе влезе во првата интезивна научна фаза, подоцна овој месец, на оддалеченост од 13.500 километри од површината. Леталото ќе ја истражува Церера во текот на јуни 2016 година.

Превод: Дарко Рафаиловски

Извор: IFLS

Сподели.