МИНЕРВА-II1: Фотографии од површината на Рјугу

0

Роверите на МИНЕРВА-II1 биле поставени на 21 септември за да ја истражат површината на астероидот Рјугу. Ова е вториот извештај за нивните активности. Него го завршуваме со видео снимено од страна на еден од роверите каде што е прикажана положбата на сонцето на небото гледано од површината на Рјугу.



Скок на роверот-1Б
Фотографии направени од роверот-1Б. 23 септември 2018: потврда за скок на роверот-1Б. Време на набљудување (JST): (лево) 23-09-2018 09:50, (центар) 23-09-2018 09:55, (десно) 23-09-2018 10:00 Заслуги: Јапонска Вселенска Истражувачка Агенција

Фотографија направена веднаш пред скок на роверот-1Б
23 септември 2018: Фотографија направена веднаш пред скок на роверот-1Б. 23-09-2018 09:46 (JST) Заслуги: Јапонска Вселенска Истражувачка Агенција

Фотографија од површината на астероидот од роверот-1Б направена после спуштањето.
23 септември 2018, 10:10 JST: слика од површината на астероидот направена од роверот-1Б после спуштањето. Заслуги: Јапонска Вселенска Истражувачка Агенција

Фотографија од површината направена од роверот-1А
23 септември 2018 09:43 JST: слика од површината направена од роверот-1А Заслуги: Јапонска Вселенска Истражувачка Агенција


Роверот-1А направил фотографија од сенките на сопствената антена и игла.
23 септември 2018 09:48 JST: слика од површината направена од роверот-1А. МИНЕРВА-II1 успешно ги слика сенките на сопствената антена и игла. Заслуги: Јапонска Вселенска Истражувачка Агенција

Иглите на роверите на МИНЕРВА-II1 имаат три задачи:

1. Да го зголемат триењето при скокањето

2. Да ги заштитат соларните ќелии за време на спуштањето

3. Некои од иглите имаат и сензор за температура, па површинската температура може директно да се измери

Видео. Роверот-1Б успешно направи кратко видео од 15 кадри на 23 септември 2018 од 10:34 до 11:48 JST Заслуги: Јапонска Вселенска Истражувачка Агенција

Превод: Христина Милошевска

Извор: JAXA.jp

Сподели.