Метеорит направи кратер во главниот град на Никарагва, Манагва

0
Ударот направил кратер кој е 12 м широк и 5 м длабок

Ударот направил кратер кој е 12 м широк и 5 м длабок

Според владини извори, мал метеорит паднал во близина на интернационалниот аеродром на главиот град на Никарагва, Манагва.

Жителите пријавиле дека слушаат силен удар и го почувствувале ударот, кој направил кратер кој е 12m широк и 5m длабок.

Портпаролот на владата, Rosario Murillo изјави дека метеоритот се одвоил од астероид кој поминува во близина на Земјата.

Таа изјави дека повикале интернационални експерти за понатамошна истрага.

Нема повредени во шумската област во близина на интернационалниот аеродром и воздухопловната база.

„Како бомба“

Советниик при Институтот за земјени студии на Никарагва (Ineter), Wilfried Strauch, изјави дека „бил убеден дека станува збор за метеорит“ кој го предизвикал ударот.

Експертите кои го проучуваат кратерот велат дека не е јасно дали метеоритеот се распаднал по ударот или бил разрушен во почвата.

Локалните жители велат дека слушнале силна експлозија пред полноќ по локално време и пријавиле мирис на изгорено.

„Мислевме дека е бомба бидејќи го почувствувавме експанзивниот бран“, изјавил Jorge Santamaria за новинската агенција Associated Press.

Поврзаност со астероидот?

Специјалистот на Ineter, Jose Millan вели дека „мораме да го прославиме фактот што падна во област каде, фала му на Бога, не беше опасен за народот“.

Манагва со половина милион жители е густо населен град.

„Сите докази кои ги потврдивме на локацијата точно одговараат на метеорит, а не со било кој друг тип на настан, тој изјави.

„Имаме сеизмички регистар кој се совпаѓа со времето на удар и со типичната карактеристика која што ја произведува кунусот на местото на ударот“ додаде тој.

Астрономот Humberto Saballos изјави дека метеоритот може да се откинал од астероидот 2014RC кој во моментов минува покрај Земјата.

2014RC, кој има големина на куќа, дојде најблиску до Земјата во недела во 18:18 часот GMT, кога помина покрај Нов Зеланд на оддалеченост од 40,000 km.

Астероидот беше прв пат откриен на 31-ви август, а растојанието кога беше најблиску до Земјата беше на само една десетина од растојанието од центарот на Земјата до Месечината, како што изјави НАСА во своето соопштение.

Се очекува дека во идина повторно ќе помина во близина на Земјата.

Во февруари 2013 година, метеорит експлодираше над Челјабинск, во централна Русија, при што беа повредени повеќе од 1000 луѓе.

Во моментов НАСА следи повеќе од 11,000 астероиди со орбити кои поминуваат релативно блиску до Земјата.

Превод: Софија Спировска

Извор: BBC

Сподели.