Месечината има прашлива атмосфера

0
Уметнички впечаток од сондата LADEE на НАСА како ја орбитира месечината

Уметнички впечаток од сондата LADEE на НАСА како ја орбитира месечината

 

Иако месечината нема воздух, тоа не значи дека таа нема атмосфера.

Првите резултати од тековната лунарна обзервација на LADEE сондата, покажуваат постојан облак од прашина кој ја опфаќа месечината.
“Имаме атмосфера. Создадена е од прашински честички” вели Михали Хорањ на конференцијата за наука на планети во Хјустон неделава, водечкиот научник на LADEE лунарно-прашинскиот експеримент.

Научниците се обидуваат да забележат сончева светлина која се одбива од прашина уште од Аполо мисиите во 1969-1972 година. LADEE, сондата која лета ниско околу месечината претставува директен пристап кон оваа проблематика. Сондата може да детектира микрометарски честички на прашина кога тие се судираат со специјално дизјаниран инструмент и при тоа испаруваат.

Евидентно, тоа се случува многу често, од прилика по еднаш или два пати во минута, вели Хорањ. Дополнително, LADEE, има забележано големи експлозии (рафални исфрлања) на прашина и тоа од редот на 300 честички во минута, за кои научниците веруваат дека се последица на судири на микрометероити со месечината.

“Тоа е како да летате низ близок облак создаден од исфрлена материја од удар кој бил во ваша близина”, вели Ричард Елфис, проектниот научник на LADEE тимот.

Геологот Харисон “Џек” Шмит, дванаесетиот астронаут кој слетал на месечината, вели дека пронајдоците се збунувачки откако забележал дека камењата на месечината имаат површини со мала застапеност на прашина.

“Од време на време може да се забележи одреден реголит кој бил фрлен врз камен, но не и на покривка од прашина. Јас не можам да најдам начин во кој може да имаме издигање (левитација) на прашина која е толку прецизна во двете насоки, така што не се нафаќа на самите камења,” вели Шмит.

LADEE забележува експлозии на прашина на секои 10 дена, од кои дел се како последица на метеорити. “Очигледно е дека површината на месечината произведува, повеќе или помалку прашина, како што влијанијата врз површината се менуваат со време,” вели Хорањ.
Ова истражување се очекува да биде од голема помош за научниците од аспект на разбирање на слични процеси кои се одвиваат на други безвоздушни тела, како што се Меркур и месечините кои орбитираат на другите планети.

LADEE сондата, која моментално лета помеѓу 8-37 милји над месечевиот екватор, последниот месец од својата мисија ќе го помине виртуелно обзервирајќи ја површината на месечината, при што ќе има спуштање од околу 3 милји над површината за подетални изучувања. Се очекува да се судри со површината на месечината на 21-ви Април. Сепак, првично LADEE сондата ќе мора да ја преживее еклипсата која се очекува на 15-ти Април.

“LADEE не беше создадена да издржи волкав период на долга еклипса, но очекуваме да успее во тоа и доколку тоа се случи, ќе извршуваме мерења се додека сондата не се сруши на месечината”, вели Елфик,

Извор: news.discovery.com

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.