Големи влијанија предизвикани од меѓупланетарни судири

0

Астрономите отрија нови докази за значајна планетарна разновидност во еден систем на егзопланета, претпоставуваат дека огромните судири со голема брзина се делумно одговорни за еволуцијата на планетите. Интернационалниот тим на научници предводени од италијанскиот национален институт за астрофизика и физичари од универзитетот од Бристол три години го набљудувале егзопланетниотсистем Кеплер-107 преку Националниот Телескоп Галилео во Ла Палма.

sudar na planeti

Фотографија од средината на хидродинамичката симулација на високо-брзински директен судир помеѓу две планети со маса десет пати поголема од Земјата. Температурниот опсег на материјалот е претставен со четирите бои сива, портокалова, жолта и црвена, каде што сивата боја е најладно а црвената е најжешко. Таквите судири исфрлаат голема количина на материјал од силикантна мантија, оставајќи на висока содржина на железо, и планета со остатоци од висока густина слична на забележаните карактеристики на Кеплер-107с. Заслуги:Зои Лејнхарт и Томас Денман, Универзитетот во Бристол

Тие собрале повеќе од 100 спектроскопски мерења од сите четири масивни планети на Нептун во Кеплер-107 – именуван по вселенскиот телескоп НАСА Кеплер, кој го открил егзопланетскиот систем пред пет години. За разлика од поврзаноста на Земјата со сонцето, планетите во Кеплер-107 се многу поблиску една до друга како и до нивната главна ѕвезда (еквивалендтно на нашето сонце). Сите планети имаат орбитален период од денови, наместо од години.

Не е невообичаено за планетата што е најблиска до главната ѕвезда да биде најгуста поради греењето и интеракцијата со главната ѕвезда што може дапредизвика губење на атмосферата. Сепак, како што е наведено во списанието Природна Астрономија, во случајот Кеплер-107, втората планета 107c е погуста од првата, 107b. Толку многу, така што 107c во своето јадро содржи железна маса, барем два пати поголема од онаа на 107b, што укажува дека во одреден момент, 107c имала огромен судир со голема брзина со протопланета со иста маса или со повеќе планети со помала маса. Овие влијаниа би откинале дел од карпата и силикантната мантија на Кеплер-107c, што укажува дека е погуста сега отколку што била првично.

Др. Зои Лејнхарт, компјутерски астрофизичар и коавтор на трудот, од Универзитетот во Бристолската школа за физика, Објаснува:„Се верува дека огромните судири имаат фундиментална улога во обликувањето на нашиот сегашен Сончев систем. Месечината е најверојатно последица на таков судар, може да биде и високата густина на Меркур, а Харон, големиот сателит на Плутон, веројатно бил заробен по огромен судар, но досега не откривме никакви докази за огромни судири кои се случуваат во планетарните системи надвор од нашиот. “

“Ако нашата хипотеза е точна, ќе го поврземе генералниот модел што го имаме за формирање на нашиот Сончев систем со планетен систем кој е многу различен од нашиот. ”

Алдо Бономо, истражувач во ИНАФ и главен автор, изјави:„Со ова откритие подобро го разбираме потеклото на извонредната разновидност во составот на малите егзопланети. Веќе имавме докази дека силното зрачење на ѕвездата придонесува до разновидност, што доведува до делумна или целосна ерозија на атмосферата на најжешките планети. Меѓутоа, стохастичките судири меѓу протопланетите играат улога и може да предизвикаат драстични варијации во внатрешниот состав на егзопланета, како што мислиме дека се случило за Кеплер-107c. “

Ко-авторот Ли Зенг, од Иницијативата за живот на Харвард во Одделот за планетарни науки и Центарот за астрофизика на Харвард-Смитсонијан, Изјави:„Ова е еденод многуте интересни системи на егзопланета што ги открил вселенскиот телескоп Кеплер, и ова откритие ја потврди претходната теоретска работа која сугерира дека огромните судири помеѓу планетите одиграло улога при формирањето на планетите. “

Се верува дека огромните влијанија се случиле во нашиот сончев систем. Ако катастрофалните нарушувања често се случуваат во планетарните системи, тогаш астрономите предвидуваат наоѓање на многу други примери како Кеплер-107 како што се одредува зголемувањето на бројот на густината на егзопланетата.

Превод: Лазар Динев

Извор: Phys.org phys.org

Сподели.