Максималната гравитација што луѓето можат да ја издражат на други светови

0

Научниците ја пресметаа максимална гравитација што луѓето можат да ја преживеат на друг свет, во случај да се прошириме низ Универзумот.

Објавувајќи ги своите наоди на серверот за пред-печатење arXiv, тројца научници од Универзитетот во Загреб во Хрватска ги проучувале супер-Земјите. И откриле дека нашите тела можат да се справат со околу 4,5 пати поголема гравитација од Земјината.

За да дојде до овој заклучок, тимот употребил необичен метод, користејќи ја ѕвездата од Игра на тронови Хафур Јулиус Бјорнсон, или познат како „Планината“ како студија на случај. Тие разработиле колкава гравитација ќе може тој да издржи, за да ја пресметаат максималната вредност за човекот.

Најпрво ја разгледале гравитационата сила што човечкото тело може да ја издржи додека стои мирно, која ја пресметале да биде околу 90 пати поголема од Земјината  . За трчање оваа вредност паднала на околу 10 пати повеќе од Земјината гравитација пред да почнат да се кршат коските.

„Силата на скелетот е бесмислен ако вашите мускули не се доволно силни за да застанете или да одите“, забележаа од Discover. „Врз основа на способноста за чучнување, [тимот] пресметал дека ако гравитацијата е пет пати поголема од Земјината, дури и елитен спортист нема да може да се помрдне од седечка положба”.

Ова довело до анализа на „Планината“, кој победил на Светскиот натпревар за најтежок човек во 2018 година. Тој е висок 2,06 метри и тежи повеќе од 180 килограми. Дури и со сета своја сила, откриле дека може да издржи околу 4,6 пати поголема тежина на Земјата.

За нас, обичните луѓе, бројката паѓа на околу три до четири пати од Земјината гравитација. Истражувачите изјавиле дека со вселенски скафандер или со друга технологија би било можно да се издржат повисоките гравитациони полиња, но тоа не е идеално за долгорочна колонизација.

„Нашите пресметки не вклучуваат вселенски скафандер или технологија“, рече водечкиот автор д-р Никола Пољјак за Инверс. „Со нив, можете да ја зголемите границата што ја пресметавме. Сепак, не би било многу практично да се шетате со вселенски скафандер целиот свој живот “.

Покрај тоа што  е интересна, студијата е исто така важна во однос на тоа кои планети би можеле да ги сметаме за навистина погодни за живеење. Илјадници светови се пронајдени надвор од нашиот Сончев систем, некои во зоните погодни за живот, но многу од нив се супер-Земји многу помасивни од нашата.

„Се чини дека, од човечка гледна точка, опсегот на погодни планети е многу потесен од опсегот на планети на кои потенцијално има живот во Универзумот”, пишува тимот во својот труд. „Ова ограничување произлегува првенствено од гравитацијата, како единствен фактор на животната средина кој не можеме да го манипулираме“.

Превод: Бојана Стефаноска

Извор: iflscience.com

Сподели.