Кометата која го надрасна Сонцето

0
Кометата која го надрасна Сонцето

Комета 17П/Холмс

Се знае дека Сонцето во однос на големина доминира во Сончевиот систем. Меѓутоа, за краток период, во 2007 Сонцето ја загуби таа заслуга.

Кометата е 17П или Холмс. Откриена е во 1892 од Едвин Холмс, кој ја пронашол кога достигнала магнитуда од 4 или 5. Следниот пат кога кометата била опсервирана, во 1899 било воспоставено дека има 6.9-годишна орбита. Следната опсервација била во 1907, а потоа не била видена сè до 1964.

Оттогаш кометата Холмс е опсервирана на секое враќање, но нејзината историја е малку досадна сè до 2007. На 23 октомври кометата (оддалечена 2 астрономски единици) стана видлива за голо око покачувајќи ја магнитудата од почетната 17, на 2.8.

Кометата беше видлива во соѕвездието Персеј како третиот најсветол објект, опишана како „светла жолта ѕвезда“. Исто така, за разлика од други комети, немаше видлива опашка. Ова беше заради тоа што кометата се движеше спротивно од насоката на Земјата, правејќи ја да изгледа како светла сфера.

Comet_Holmes_Martin_Stojanovski

Кометата Холмс фотографирана во 2007-та година од падините на Водно. Авторски права: Мартин Стојановски

При крајот на избувнувањето, Холмс се осветли скоро половина милион пати повеќе од нејзината оригинална осветленост, станувајќи најголемото избувнување на комета кое е забележано досега. Ова се должи на комата на кометата, која достигна повеќе од 3.3 аглови минути. Беше измерено дека дијаметарот на кометата беше 1.4 милиони километри, повеќе од Сонцето, додека телото на кометата беше 3.6 километри.

Кометата Холмс сликана близу од Мирфак во Персеј.

Кометата остана видлива следните неколку месеци. Има неколку хипотези за тоа зошто навистина избувна кометата. Едната од нив вели дека Холмс се судри со друг објект, додека друга вели дека се акумулирал гас во телото на кометата додека не испрснал.

Кометата Холмс се врати во март 2014 г. Иако беше една од најсветлите комети на годината, сепак помина без избувнувања. Следен пат доаѓа во 2021 г.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFLS

Сподели.