Деновиве во медиумите се рашири веста за кометата C/2022 E3 (ZTF), која ја посетила внатрешноста на Сончевиот систем уште во периодот кога неандерталците оделе по Земјата. Веднаш се појавија слики на кои нашите далечни предци се насликани пред пештерите, како со поглед ја следат кометата на темното небо. Дали ова навистина се случило (и зошто најверојатно не)?
Орбита на кометата
Во пероидот од јули 2021 година до денес, пријавени се 5143 мерења на положбата на кометата и при нивната анализа извршена со софтверот Find_Orb е забележано дека е неопходно да се земат предвид негравитационите ефекти врз движењето на кометата. Негравитационите ефекти се резултат на анизотропното исфрлање на материјалот од јадрото на кометата, кое обично е предизвикано од многу мало и постепено забрзување/забавување на јадрото, но мерливо во случај на набљудувања во долги интервали.
Според овие мерења, произлегува дека периодот на оваа комета, пред да почне да трпи гравитациски пертурбации за време на тековниот премин низ внатрешниот Сончев систем, бил 52.421 година, но со статистичка грешка од +/-63 години. Претходниот пат, пред приближно толку години, истата комета поминала низ перихелот (точка на орбитата најблиску до Сонцето). Во меѓувреме, таа била околу 2800 астрономски единици оддалечена од Сонцето (растојанието помеѓу Сонцето и Земјата). Врз основа на орбитата која се пресметува, се доаѓа до заклучок дека оваа комета не е динамички нова, т.е. дека таа барем еднаш веќе поминала блиску до Сонцето и обично се очекува таквите комети да го имаат истиот вистински (апсолутен) сјај помеѓу враќањата.
Идната орбита на кометата не е толку прецизно одредена, па во зависност од негравитационите ефекти ќе произлезе дали таа ќе го напушти Сончевиот систем во хиперболична орбита, или ќе биде многу издолжена достигнувајќи растојание од повеќе од една светлосна година. Постојат фактори кои ќе имаат занемарлив ефект врз понатамошното движење (а со тоа и за некое можно враќање во следните десетици милиони години) и од друга страна влијанијата на околните ѕвезди, плимните бранови во Млечниот Пат итн.
Сјајот на кометата
Очигледниот сјај на кометата зависи од повеќе фактори, но да се задржиме на наједноставните, т.е. апсолутниот сјај и оддалеченоста на кометата од Земјата. Апсолутното зрачење се менува со оддалеченоста на кометата од Сонцето, или се менува за време на нејзината орбита. Наједноставната функција што можеме да ја користиме за да ги опишеме нашите визуелни набљудувања досега (271 процент на осветленост) е: m1 = H0 + 5*log(d) + 10*log(r), каде што m1 е привидната магнитуда на главата на кометата, H0 е константа и покажува колкава би била количината на привидната магнитуда за d (геоцентрично растојание) и r (хелиоцентрични растојанија) кога е еднаква на една астрономската единица. Скалата на магнитудата во астрономијата е таква што помалите магнитуди одговараат на посветли објекти. На пример, 10 пати посјаен објект има 2,5 пати помала магнитуда.
Која е магнитудата на кометата видлива со голо око?
Ѕвездите со светлинска магнитуда 6,5 се сметаат за видливи со голо око во идеални услови – бистро небо, без месечева светлина и светлосно загадување и се наоѓаат високо над хоризонтот. За магливите објекти, како што се кометите, не постои јасна граница, бидејќи видливоста зависи од сјајот на површината.
Последното откритие на комета со голо око се случило во 1957 година. (! ) Чехословачкиот астроном Антонин Мркос за време на набљудување од терасата, случајно забележал опашка, а потоа и глава од комета која се појавила над планината. Нејзиниот сјај бил со различна магнитуда и несомнено било лесно видлива.
Кога знаеме каде точно да гледаме и кога преовладуваат идеални услови, обично може да се забележат комети со магнитуда од 5,5, но тоа не би важело во овој случај.
Колкава била големината на кометата при последното минување покрај Сонцето?
Имајќи предвид дека орбитата на кометата не е значително различна од сегашната – особено кога се наоѓа непосредно во близина на перихелот и е последица на високиот наклон (109 степени) кој гарантира дека планетите значително ја менуваат орбитата на кометата, но и дека нејзиниот сјај се променил и во ова минување. Ова може да се смета за точно за комети кои не се динамички нови, па единствениот проблем останува да се утврди дали кометата поради растојанието имала влијание врз Земјата.
Како што го знаеме периодот на кометата со 60+ години маргина на грешка, невозможно е да се одреди кој бил точно нејзиниот привиден сјај. Затоа може да се зборува само за распределбата на можната магнитуда при максимална осветленост.
Врз основа на фактот дека не знаеме кога минувала кометата низ перихелот во рамките на Земјината година, направени се десет илјади можни сценарија и е забележана најмала достигната магнитуда.
Утврдено е дека највисокиот сјај при последното минување одговара на магнитуда од 4,2, кога кометата била во поволна положба, односно во близина на перихелот и во близина на Земјата (околу 0,2 астрономски единици). Најслабата магнитуда или 9,0 е забележана кога Земјата била оддалечена и лоцирана на другата страна на Сонцето во однос на кометата во близина на перихелот. Бидејќи орбитата на кометата никогаш не навлегува помеѓу Сонцето и Земјата (перихелот е на 1,1 астрономски единици) во случај на поволна позиција за висока осветленост, кометата би се наоѓала на небото далеку од Сонцето, т.е. со сигурност може да се каже дека била силно и јасно видлива на ноќното небо. Највисокиот сјај на поволната положба на кометата секогаш се јавува кога таа е на северното небо, така што била видлива за неандерталците кои живееле на северната хемисфера.
Веројатноста дека кометата била посветла од максимумот на откривање дефинирано над Омега Кентаур (магнитуда 4,3) е само 3%, и е далеку од поволна магнитуда за јасна видливост како кај кометата на Маркос. Имајќи предвид дека во ноќите со максимална осветленост постоела можност Месечината да биде полна или да има облаци на небото, оваа веројатност е уште помала.
Единствената можност оваа комета да била видлива за неандерталците од времето на доцниот палеолит е доколку се појавело ненадејно зголемување на осветленоста на кометата – магнитуда 2, но веројатноста за тоа би била премногу мала.
Превод: Миро Бранѓолица
Извор: https://www.facebook.com/photo/?fbid=10160354186358290&set=a.426192433289