Долната скала е дадена како пример да се има општа претстава како функционира скалата на магнитуди. Скалата е со намера да биде визуелна; максимумот на ефикасност на детекција на човековото око (при ноќна адаптација) е околу 495 нанометри, додека формалниот фотоелектричен (ве) V максимум (филтрирана лента блиска до визуелната) е околу 550 nm; максимумот кај цецеде (CCD) тежнee околу 700 nm. Примерите се дадени за целобројни вредности и не се „точни“, бидејќи небесните објекти вообичаено се мерат со точност од 0.1 или 0.01 мaгнитуда; на пример, сјајот на Сириус е V = -1,47 , а планетата Венера варира во сјајноста општо од магнитуда -4.5 до -3.7. Да истакнеме дека комета со магнитуда 5 нема да се гледа лесно како и ѕвезда со магнитуда 5, бидејќи исто количество на сјајност кое е концентрирано во точка за ѕвездата е раширено во регион на небото за дифузната комета со релативно голема кома.
Магнитуда |
Потребно да се види објект со оваа сјајност * |
Примери |
-26 |
Сонцето |
|
-13
|
Полна Месечина |
|
-6
|
Месечев срп |
|
-4
|
голо око: лесно и од големите градови |
планета Венера |
-2 |
голо око |
планета Јупитер |
-1
|
голо око |
-најсјајна ѕвезда, Сириус; -Месечина при тотално затемнување; -C/1995 O1 Хејл-Боп (Hale-Bopp) при максимум |
0
|
голо око: тешко блиску до вештачка светлина но општо видливи дури и oд големите градови |
-Сјајната летна ѕвезда Вега; -C/1996 B2 Хјакутаке (Hyakutake) при максимумот |
+1 |
голо око: светли видени од темни, рурални предели |
Планетата Сатурн |
+2 |
голо око: тешко но, видливо од малите градови и преградија; за дифузните објекти како кометите ќе бидат потребни мали бинокулари од урбните предели |
-Ѕвездите од Големата Кола -Халеевата комета во 1986 при максимумот |
3 |
Голо око: рурален, од предградија, мал град Двогледи: сјајни, урбни предели
|
Најслабите ѕвезди видливи со голо око од многу помали градови/внатрешни предградија; |
4 |
Голо око: подалечни предградија Двогледи (бинокулари): градови (ѕвезди), предградија (дифузните објекти како комети) |
Најслабите ѕвезди видливи од многу помали градови/надворешни предградија; |
5 |
Општо бинокуларни објекти од урбаните или приградските предели; Најслабите ѕвезди видливи со голо око од темни рурални предели лоцирани 60 км од големите градови |
Месечините на Јупитер
|
6 |
бинокуларни објекти од приградските предели; Најслабите ѕвезди видливи со голо око од темни рурални предели лоцирани 150 км од големите градови |
Планетата Уран |
7 |
бинокулари; Најслабите ѕвезди видливи со голо око од темни рурални предели лоцирни 200 км од големите градови и околу 50 км од најблискиот град со 5 000 жители |
Најсјајните мали планетоиди (астероиди) и околу 1-2 годишно комети секоја година |
8 |
бинокуларни објекти; од урбаните предели таквите објекти може да бидат видливи со мали телескопи |
Планетата Нептун |
10 |
Од темно небо, објекти видливи со 20×80 двогледи; од посветлите предели потребен е поголем телескоп |
Во било кое време, обично има неколку комети кои се волку сјајни |
11 |
Општо гранична визуелна сјајност # за комети со рефлектор со апертура 15 cm |
|
12 |
Општо гранична визуелна сјајност # за комети со рефлектор со апертура 20 cm |
Во било кое време, обично има дузина комети кои се волку сјајни |
13 |
Општо гранична визуелна сјајност # за комети со рефлектор со апертура 25 cm |
|
14 |
Општо гранична визуелна сјајност # за ѕвезди со рефлектор со апертура 20 cm |
Плутон кога е најсјаен |
15 |
Општо гранична визуелна сјајност # за комети со рефлектор со апертура 50 cm |
|
19 |
Општо гранична визуелна сјајност # за комети со цецеде камера и рефлектор со апертура 50 cm |
|
21 |
Општо гранична фотографска сјајност за ѕвезди со рефлектор со апертура 40 cm |
|
22 |
Општо гранична визуелна сјајност # за комети со CCD и рефлектор со апертура 150 cm |
* – гледањето со голо око претпоствува 20-20 визија (коригирана или некоригирана)
# – од темно, рурално место; „визуелно“ споредено со „фотографско“ или „CCD-детектирано“; „рефлектор“ значи „телескоп со огледало“