Кјуриосити со нови знаци на живот

0
Кјуриосити со нови знаци на живот

Роверот Кјуриосити на зоната за бушење Џон Клајн – Марс од каде беа земени примероците. Извор: NASA/JPL-Caltech/MSSS

Роверот Кјуриосити со возбудливи новости: утврдено е дека дел од примероците од ископаната почва содржат азотни соединенија кои се клучен извор на хранливи материи за животот на Земјата.

Иако научниците се во потрага по органски јаглерод, и азотот има огромна улога во постоењето на животот. На пример, азотот е клучна состојка во РНК и ДНК и кај аминокиселините.

Научниците испитаа податоци од три примероци од инструментот САМ (Sample Analysis at Mars) кој е дел од лабораторијата вградена во Кјуриосити. Примероците се земени од точки блиски на местото на слетување. Сите беа посетени за време на скршнувањето од главната мисија на роверот, која беше да ја извози планината Шарп, насипот на кратерот Гејл, бидејќи тамошните слоеви од кал се чинеа како идеално место за потрага по знаци на живот. Скршнувањето несомнено се исплатеше, бидејќи откриените места имаат изобилство од хемикалии и минерали кои се примарно место за барање на доказите за некогашниот живот на Марс. Ова се потврдува и со новите откритија на азотни соединенија на овие простори.

При испитувањата научниците ги зедоа предвид и ги одзедоа влијанијата од самиот ровер и условите во лабораторијата за да се елиминираат можностите дека станува збор за лажна тревога. На крај, беше утврдено дека количествата на азот сепак остануваат релативно високи и се споредливи со некои екстремно суви места на Земјата, како пустината Атакама во Јужна Америка. На Земјата, поголемиот дел од нитратите се создадени од страна на живите организми, а на Марс најверојатно настанале како последица на некој топлотен шок, како грмотевици или удар на астероид. Еден од следните чекори е да се провери дали процесот на создавање на овие нитрати сè уште се случува на Марс.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.