Астрологијата не е само неубедлива, таа е научно тестирана многу пати и покрај лизгавоста на тврдењата на приврзаниците, а и ретко има добри резултати.
Стивен Ланц
Астрологијата (да не се меша со астрономијата) сè уште има многу обожаватели, од кои некои дури ги засноваат главните животни одлуки на планетарните движења. Сепак, исто така е толку широко прифатено да е и најчеста точка за споредба за отфрлање како нешто неосновано. Сепак, не секој што ја презира астрологијата знае зошто. Иако физиката и астрономијата го поткопаа секој веродостоен механизам со кој би можела да функционира астрологијата, општествените науки, како што е психологијата, го премостија јазот помеѓу недоверливоста и покажаниот неуспех.
Не беше секогаш вака. Јоханес Кеплер, еден од најголемите астрономи на сите времиња, бил и астролог, а веројатно не би ги направил своите откритија без неговите астролошки истражувања. Сè додека Кеплер не ја објавил својата работа во 17 век, се сметало дека планетите патуваат на кристални сфери, можеби туркани од ангели, така што идејата дека тие ги контролираат настаните на Земјата не била таков скок. Одењето на лекар, исто така, често било комбинирано со астрологија.
„Вината, драг Брут, не е во нашите ѕвезди, туку во нас самите“ – Вилијам Шекспир, Јулиус Цезар
Сепак, дури и тогаш не беа сите убедени – во драмата напишана кога делото на Кеплер допрва започнуваше, Шекспир преку ликот Касиус напиша: „Вината, драг Брут, не е во нашите ѕвезди, туку во нас самите“. Колку повеќе учевме за небото, толку помалку смисла имаше астрологијата. Откритието дека ѕвездите лежат на многу различни растојанија, со најблиските илјадници пати подалеку од која било планета, ги прави соѕвездијата практично фикција. Како тогаш би можеле движењата на планетата „низ“ зодијакот да имаат некое значење? Покрај тоа, сите познати сили слабеат со оддалеченоста, но астролозите ги третираат Венера и Сатурн како што имаат подеднакво, иако различно влијание врз нашите животи.
Овие и други астрономски лекции оправдано поттикнаа скептицизам кај оние кои се свесни за такви работи, но сами по себе не претставуваат отфрлање. На крајот на краиштата, аргументот за „придвижувањето на континентите“ на Земјата претрпе децениски потсмев, првенствено поради недостаток на веродостоен механизам, само за еден да се најде на сртовите на средината на океаните. Карл Сејган одби да ја потпише изјавата на водечките астрономи наречена „Приговори за астрологијата“, делумно затоа што отсуството на механизам сам по себе не е доволно да се докаже како неточна.
Како ја тестирате астрологијата?
Многу научници, со различни гледишта за заслугите на астрологијата кога започнале, тргнале да ги тестираат нејзините тврдења. Меѓутоа, ако се направи тоа, наидува на едно од клучните прашања што ги натера луѓето да се сомневаат во астролозите уште пред Галилео и Њутн: нејасноста и противречностите во тврдењата на астролозите.
Ако десетина астролози прават различни предвидувања врз основа на планетарните движења, тоа е фер облог дека некои ќе бидат во право. Дури и ако тестирањето докаже дека тие во просек не направиле подобро од случајноста, оние што правилно избрале ќе објават дека се вистински чувари на светото знаење, а останатите се шарлатани и будали.
„Ваквите тврдења е тешко да се тестираат, бидејќи повеќето луѓе можат да видат малку од себе во нејасни и во голема мера комплементарни описи, како оние што обично се даваат по хороскопи.“
Сепак, тоа не ги спречи научниците да се обидат. Кога ги предвидуваат настаните за годината што претстои, астролозите постојано не успеваат да ги надминат луѓето што само екстраполираат од минатото. Победени поради оваа сметка, бранителите на астрологијата се преселиле на побезбедно место, тврдејќи дека нивната практика ни кажува за личноста, но не и за судбината.
Ваквите тврдења уште потешко може да се тестираат, бидејќи повеќето луѓе можат да видат дел од себе или нивните најблиски, во нејасни и во голема мера ласкави описи, како што се оние што обично ги даваат хороскопите.
Сепак, научниците пронајдоа иновативни начини да додадат малку строгост. Се чини дека многу малку такви студии даваат поддршка за тврдењата на астрологијата. Сепак, дури и во овие случаи, подлабокиот поглед поттикнува скептицизам.
Обидот да се види дали варијациите на личноста помеѓу близнаците може да се објаснат со астрологијата се тврдеше дека е со успех, на пример, но повторено испитување откри изобилство на недостатоци во гореспомнатата студија. Кога тие пристрасности беа отстранети, ефектот исчезна.
Тројца индиски психијатри им ги дале датумите на раѓање, времето и местото на раѓање на 150 луѓе, од кои на половината им била дијагностицирана ментална болест, на четворица астролози. Врз основа на деталите за раѓање и само полот, астролозите добија предизвик за предвидување кои датуми на раѓање им припаѓале на оние на кои им била дијагностицирана нивната ментална болест, нивните симптоми и состојбата во тоа време. Астролозите се покажаа подобро отколку случајно во предвидувањето кој страдал од ментална болест во одреден момент и кој страдал во тоа време. Меѓутоа, тие не успеаја да предвидат специфични симптоми. Можеби уште позначајно е тоа што астролозите покажаа малку меѓусебна согласност со своите предвидувања, што обично е услов за науката.
Почесто, студиите што известуваат за астролошки влијанија не успеваат да ги реплицираат резултатите. Познат пример беше т.н.ефект на Марс кога астрологот и психолог Мишел Гокелен тврдеше дека француските спортисти се поверојатно од општата популација да се родат кога Марс изгрева или е во зенит. Слични тестови не откриле таков ефект во САД.
На сцена се големите податоци
Некои астролошки тврдења, сепак, може да се тестираат со користење на огромни бази на податоци. Еден таков тест бараше да види дали ѕвездените знаци со кои се венчаат луѓето се распределени случајно или дали одговараат на советите за компатибилност на астролозите. „Ако постои и најмала тенденција Девиците да ги сакаат Јарците или Вагите да ги сакаат Лавовите, тогаш тоа треба да го видиме во статистиката на бракот“, рече д-р Дејвид Воас од Универзитетот во Манчестер. Под Лавови, Воас веројатно мислел на оние родени помеѓу 23 јули и 22 август, наместо оние кои го делат името со еден познат актер.
И покрај големината на примерокот од 20 милиони луѓе што тој го нарече „џиновска лупа“, Воас воопшто не најде законитост.
Навистина, дури и поверодостојните тврдења поврзани со астрологијата имаат тенденција да не успеат во толку големи примероци на тестови. Луѓето кои се потсмеваат на моќта на планетите можеби немаат проблеми со извештаите за влијанието на полната Месечина. Сепак, пред да стане австралиски парламентарец, професорот Ендрју Ли спроведе студија за да види дали циклусите на Месечината се во корелација со раѓања, смртни случаи или дури и зачнување. Во период од 29 години, дури и најблагите влијанија се докажа дека не постојат.
Мета-анализа на 37 студии со тестирањето на влијанието на Месечината на сè, од кризни повици до приеми во ментална болница покажа дека лудоста е погрешна назив (во англискиот јазик lunacy). Неколкуте студии кои објавија врска не успеаја да ги контролираат другите циклуси или не успеаја во другите основни форми на анализа.
Ако дури и Месечината, доволно блиску за да владее со плимата и осеката, нема мерлив ефект, тешко е да се види како планетите би можеле да имаат влијание.
Сите во тајмингот
Работите ги комплицираат и фактот што времето на вашето раѓање може да влијае на вашата судбина на начини кои немаат никаква врска со астрологијата. Стапките на шизофренија се поголеми кај луѓето родени во рана пролет, барем за тие подалеку од од екваторот. Неколку студии покажаа дека ова се должи дека на фетусот му недостига витаминот Д за време на клучната фаза од развојот. Фактот дека се случува во различни месеци во Тасманија и Шкотска докажува дека проблемот е количината на сончева светлина, а не ѕвездите зад Сонцето во тоа време.
Спортистите се со поголема веројатност да се родени веднаш по крајната точка за спортските возрасни групи, т.е. јануари или јули. Во основно училиште, да се биде најстар дури и за неколку месеци, го олеснува напредувањето во спортот, а се чини дека ефектот трае. Астролозите, сепак, би можеле да тврдат дека Јарците и Раковите се природно атлетски, иако, чудно, тоа важи само за оние родени во вториот дел од периодот на хороскопот.
Дали астрологијата може да биде самоисполнувачко пророштво?
Меѓутоа, постои еден сосема веродостоен начин на кој астрологијата може да влијае на нашите животи; ако нашите верувања го прават тоа така. Некои веб-страници за запознавање преку Интернет бараат ѕвездени знаци на луѓето, веројатно затоа што барем неколку од нивните корисници обрнуваат внимание. Ако луѓето читаат доволно колумни во кои им кажуваат дека се некомпатибилни со оние родени во одредени месеци, тоа навистина може да ги намали шансите тие да завршат со таква личност, што го прави малку изненадувачки што Ваос не најде таков ефект.
Едно истакнато проучување што тврдеше дека покажуваат докази за астрологијата објавија дека луѓето чие Сонце е во одредени знаци биле поекстровертни од оние во другите шест знаци. Оттогаш се класифицирани бројни трудови од постариот автор на оригиналната студија, Ханс Ајзенк како „небезбедни“ поради грешки и можни манипулации на податоците, па кога Јан ван Роеј од Универзитетот во Лајден се обиде да ја повтори работата, немаше да биде изненадувачки што не најде ништо. Сепак, ван Роеј додаде пресврт со тоа што ги прашува субјектите колку се запознаени со астрологијата. Тој откри дека оние кои ги знаат карактеристиките што им се доделуваат на луѓето од нивниот знак навистина се совпаѓаат со предвидувањата, додека оние кои не знаат што се очекува од нив не покажале таков модел.
Сепак, повеќето тестови на астрологијата дури и не наоѓаат таков индиректен ефект.
Покрај тоа, напредокот во астрономијата понуди некои можности за тестирање на астрологијата над психолошките. Нептун, на пример, беше откриен поради неговото гравитационо влечење на Уран. Астролозите брзо го усвоија и ѝ дадоа значење на неговата положба на небото кога се раѓаа луѓето. Сепак, ниту еден од нив не направи предвидување за претходно неоткриена планета, врз основа на набљудување на некои промени во колективната психа на секои 13,7 години додека Нептун се пресели во нов сегмент на Зодијакот.
Астрономите се во потрага за да најдат можно Планетата X врз основа на движењата на кометите и другите објекти од Сончевиот систем чии орбити можеби биле обликувани од неговата гравитација. Не задржувајте здив за астролозите прво да ја пронајдат нејзината локација врз основа на работата наназад од општествените набљудувања.
Оваа статија првпат се појави во број 6 од бесплатното дигитално списание Кјуриоз. Кјуриоз е дигитално списание од IFLScience кое содржи интервјуа, експерти, длабоки нуркања, забавни факти, вести, извадоци од книги и многу повеќе.
Превод: Алек А.
Превод од IFLscience.com https://www.iflscience.com/how-we-know-astrology-isnt-real-68150