Како се поврзани астероидите и кометите

0

Во изминатите 20тина години се разви гледиште дека кометите и астероидите, иако се различни тела, се послични од она што астрономите мислеа на почетокот.

komas 1

Кометата 9P/Tempel 1 откако е погодена во јадрото од вселенското летало Deep Impact на 4ти јули 2005. И кометите и астероидите се остатоци од примарната сончева маглина од пред околу 4.6 милијарди години (NASA/JPL-Caltech/UMD)

Сончевиот Систем е комплексно место. Освен Сонцето и главните планети, исполнет е со стоцици илјади мали остатоци кои датираат од формирањето на самиот Сончев Систем, пред околу 4.6 милијарда години. Во 19тиот век астрономите биле претежно насочени кон нивното откривање. Имено, откривањето, сортирањето и каталогизацијата на месечини, комети и астероиди биле основна цел за работа. Ова сè уште е важен дел од научниот процес бидејќи остануваат уште многу необични и важни објекти кои треба да бидат пронајдени.

Сепак, во денешно време, планетарните научници се имаат свртено кон интерпретирање на тоа што е откриено. Анализирањето на објектите преку голем број на техники им овозможи на астрономите да создадат подетална слика за формирањето на Сончевиот Систем и за врските кои постојат помеѓу објектите кои се наоѓаат во истиот.

Кометите, астероидите и малите планети се наоѓаа во посебни категории. Сепак, кометите се смрзнати топки од мраз и гас што се наоѓаат во далечните предели на Сончевиот Систем. Понекогаш се привлечени од гравитацијата, се загреваат и предизвикуваат шоу со нивните спектакуларни опашки.

komas 2

Овој сет од девет слики во боја од астероидот 243 Ида ја открива структурата налик на компир на овој камен кој изнесува 36 до 14 милји во обем. Сликата беше снимана од вселенското летало Галилео на 28ми Август 1993

Од друга страна пак, астероидите се карпести тела, или микро-планети, од кои повеќето се наоѓаат во астероидниот појас кој лежи помеѓу Марс и Јупитер. Астероидите не оставаат траги како кометите и нивните орбити се различни.

Но во изминатите 20тина години се разви перспектива која сугерира дека кометите и астероидите се послични од она што порано го мислеле астрономите. Во нашиот Сончев Систем веројатно постојат трилиони комети, а долго-периодичните се наоѓаат во далечна област наречена Ортов облак, именувана по Холандскиот астроном Јан Орт кој го хипотетизирал неговото постоење.

Периодично, поради гравитациски удар од ѕвезда во минување или некое друго нарушување во Ортовиот облак ги испраќа долго-периодичните комети кон внатрешноста на Сончевиот Систем. Од друга страна пак, кратко-периодичните комети се наоѓаат повнатре и имаат орбити со периоди кои траат помалку од 200 години.

Кометите со хиперболични или параболични орбити се појавуваат само еднаш, после што одлетуваат надвор од Сончевиот Систем. И на крај, групата на кометите од главниот појас која има само три члена, се наоѓа внатре во астероидниот појас. Може станува збор за слични објекти со нивните циркуларни орбити кои ја донеле водата на Земјата пред милијарди години. Оваа класа на комети која постои на крстосницата помеѓу кометите и астероидите, ја сочинуваат 133P/Elst-Pizarro, 118401 1999 RE70, и P/2005 U1.

Споредено со ова, научниците знаат за над 642 000 помали планети. Од нив околу 400 000 се добро проучени, и повеќе од 16 000 астероиди имаат имиња. Астрономите веруваат дека конечниот број на астероиди е поголем од една милја (1.6km) e околу 1 милион. Најголемиот во астероиден појас е наречен Церес, кој има дијаметар околу 600 милји (970km). Збирната маса на астероидите од главниот појас изнесува само 4% од масата на Месечината.

komas 3

Кометата C/2001 Q4 NEAT е типична комета со мека кома и светлечка опашка каква што аматери астрономи се надеваат дека ќе видат низ нивните телескопи. Оваа слика е направена со WIYN Телескопот во Аризона, 7ми мај 2004NASA/NOAO/NSF/T. Rector, Z. Levay, и  L. Frattare

Во 80тите и 90тите почнува да се замаглува јасната разлика помеѓу астероидите и кометите. Со откривањето на Кајперовиот Појас, стана јасно дека на работ на нашиот Сончев Систем постои голема популација на ледени тела, многу поблиску од оние во Ортовиот облак.

komas 4

Во 1997 со користење на Хабл Вселенскит Телескоп,  астрономите открија голем кратер на астероидод 4 Vesta, настанат како резултат на удар. Кратерот се протега 285 милји што е значителна порција од дијаметарот на Vesta кој е 325 милји. Сликата од лево покажува HST поглед; верзијата во средина јасно ги открива контурите на кратерот во боја; а десно е 3Д компјутерски модел кој ја пркажува површината на Vesta (Ben Zellner/Peter Thomas/NASA)

Откритието на кометите во астероидниот појас дополнително ја замагли дистинкцијата. Имено, некои астероиди во појасот би можеле да бидат остатоци од антички комети кај кои мразот и гасот испариле одамна, оставајќи притоа карпесто јадро.

Откривањето на други тела со чудни својства доведе до вкрстено излистување на некои тела како и астероиди и комети. Овде спаѓа 2060 Chiron, објект откриен во 1977 од Американскиот астроном Чарлс Т. Ковал, во Паломар опсерваторијата. Ова е првиот член на класата на астероиди позната како „кентаури“, која орбитира помеѓу Сатурн и Уран. Овој необичен астероид бил цел на интензивно проучување, така што во 1988 година астрономите го набљудувале како изненадувачки подложел на излив на осветленост, карактеристика на кометите, а не на астероидите.

Дополнително, 60558 Echeclus, кентаур откриен во 2000, првично изгледал како обичен астероид. Во доцната 2005 година астрономите забележале бледа кома како го обвива ова тело. Конечно, 4015 Wilson-Harrington, објект кој бил набљудуван како комета во 1949 бил подоцна независно набљудуван како астероид во 1979. Набљудувањата во 1949 покажале карактеристики на комета, додека пак подоцнежните не забележале нешто такво. Ова укажува на комплексен соларен систем кај кој орбитите и однесувањата на кометите и астрономите се поврзани многу повеќе отколку првичните предвидувања на астрономите.

Извор: astronomy.com

Сподели.