Каде се Вонземјаните? Како „Големиот Филтер“ ќе влијае кај вселенскиот технолошки напредок

0
Кеплер-62ф, егзопланета која е околу 40% поголема од Земјата. Таа се наоѓа на растојание од околу 1200 светлосни години од нашиот соларен систем, во констелациата Лира. Заслуги: НАСА/Амес/ JPL-Caltech

Кеплер-62ф, егзопланета која е околу 40% поголема од Земјата. Таа се наоѓа на растојание од околу 1200 светлински години од нашиот Сончев систем, во соѕвездието Лира. Заслуги: НАСА/Амес/ JPL-Caltech

„Една од главните теми на фокус, е размислувањето поврзано со ризикот за опстојување, односно да се добие чувство за колкава е веројатноста за човечкото изумирање“ , вели Андру Снајдер-Бити кој неодамна издаде статија во врска со „Големиот Филтер“.

„Големиот Филтер“, како што и самиот Снајдер-Бети објаснува во својата статија, претставува одговор на прашањето зошто сеуште не сме забележале вонземски цивилизации. Тематиката која е опфатена од оваа област е слична со равенките на Дрејк, кои ја обработуваат веројатноста за постоењето на комуникациски способни цивилизации, како и за парадоксот на Ферми, кој прашува за локацијата на тие цивилизации.

Едноставно кажано, доколку одредена цивилизација продолжува со развој (особено со онаква технонолошка брзина каква што ние луѓето ја искусуваме), не би требало да помине предолг период во животниот тек на универзумот, за тамошните процеси да бидат видливи за нашите телескопи. Ваквиот став е завземен земајќи ги во предвид и границите за патување под брзината на светлината. Ова можеби укажува дека постои нешто што го спречува појавувањето на ваквите цивилизации.

Следат неколку можни сценарија за тоа зошто би постоел еден ваков филтер, предложени како од Снајдер, така и од Робин Хансон, човекот кој прв го дал називот за „Големиот Филтер“.

Хипотезата за „Ретка Земја“

Можеби Земјата е осамена во нашиот универзум. Фактот што само ние може да се земеме како набљудувачи, предизвикува тешкотии за одредување на веројатноста за појава на живот во друг дел од нашиот универзум – дефинитивно постои веројатноста дека сме осамени. Позитивен аспект од оваа теза, која е „утешителна“ според Снајдер, е фактот што вакво сценарио би значело дека не постои еден единствен катастрофален настан кој би им се случил на сите цивилизации.

Уметнички концепт од астероид кој е упатен кон земјата. Заслуги: НАСА

Напредните цивилизации тешко настануваат

Хенсон не е убеден во оваа хипотеза. Еден чекор е еволуцијата на просечно интелегентни цицачи до способностите на луѓето, додека сосем друг чекор е патот од човечката раса и способности до напредна цивилизација. За еволуцијата од просечно интелегентните цицачи до човекот биле потребни само неколку милиони години. Доколку сите луѓе на планетата се отстранети, а останатите форми на живот продолжат – а животните имаат големи мозоци – тогаш не би требало да помине толку голем период за развојот на интелегенцијата.

„Лудото Сценарио“

Кај ова сценарио постојат моќни вонземјани, кои се скриени и го спремаат уништувањето на видливата интелегенција. Хансон е скептичен во врска со сценариото бидејќи според него доколку постојат неколку злонамерни раси, тогаш би постоел одреден број на противници. Ова би бил некој хипотетички еквилибриум на натпреварувачки тимови од вакви раси кои меѓусебно се обидуваат да се уништат.

Можност за природните активности да ги прикриваат вонземјаните

Можеби природните активности на оние кои се надвор од Земјата се такви, што за нас, се сосема незабележливи и невидливи. Хансон за ова вели дека е ниско веројатно сценарио, со оглед на тоа што би претставувала „огромна случајност“, ако напредните вонземски процеси се всушност одговорни за сите астрономски феномени кои ние ги објаснуваме како природни настани и закони – од пулсари па се до темна материја.

Уметнички концепт на гама-зраци од пулсар. Гама зраците се прикажани во виолетово, додека радио емисијата е зелена. Заслуги: НАСА/Ферми/Круз де Вилд

Природна катастрофа

Постојат автоматски ризици кои ни следуваат со самото тоа што сме родени на нашата Земја. Еден удар од одреден астероид, соодветна радијација од блиска супернова, или пак доволно голем вулкан може да значи крај за една цивилизација, а и за поголемиот дел од животот, какви што ги знаеме. „Сепак, консензусот е дека имаме тенденција да ги преживееме овие настани. Веројатноста севкупниот живот да изумре засекогаш е сепак доста мала. Иако овие настани се случуваат, сепак тие не се случуваат често. Навистина е мала веројатноста за сличен ваков настан во наредниот век или пак наредните 200 години“, кажува Снајдер.

„Фундаментална технологија“ која ја завршува цивилизацијата

Оваа теза е отворена за разговор и шпекулација. Како за пример, климатската промена може да биде катализаторот, иако е мала веројатноста дека сите цивилиации би се справиле со слични политички потфлања, вели Снајдер. Повеќе генерализирани веројатности може да биде подемот на вештачката интелегенција или пак дистрибуираната биотехнологија, сили кои се само – копирачки. Сепак, Хансон посочува дека дури и овие сценарија имаат свои ограничувања – претпоставувајќи дека во еден таков случај, самите роботи ќе патуваат низ космосот и самите ќе оставаат видливи траги како цивилизација.

Решението

Клучот за судбината на нашата цивилизација е фокусот кон она што можеме да го контролираме, вели Хансон. Тоа значи систематизирање и согледување на сите можности кои евентуално може да не елиминираат – колку и да се само теоретски – а потоа да најдеме начин за да работиме кон спречување на тие сценарија.

Извор: Universe Today

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.