Астрономите во Хаваи направија слики од Јупитер со висока резолуција користејќи ја техниката „среќно сликање“

0

Научниците секогаш се обидуваат да соберат нови информации за планетите, sвездите и другите небесни тела. Неодамна, астрономите ги направија некои од сликите од Јупитер со највисока резолуција некогаш постигната од Земјата.

Фотографиите се направени со техника наречена „среќно  сликање“ со телескопот Gemini North на Маунакеа на Хаваи. Оваа техника помага да се отстрани замаглувачкиот ефект додека гледате низ турбулентната атмосфера на Земјата.

Во суштина, со овој метод се добиваат голем број на слики со многу кратка експозиција, а се користат само најострите слики. Се применува кога турбуленциите во атмосферата се минимални.

jupiter

Aстрономите се здобиле со слики од Јупитер со една од најголемите резолуции некогаш постигнати од Земјата. Кредит: НАСА / ЈПЛ

Истражувачите ги изработија овие слики „како дел од повеќегодишната програма за заедничко набудување со вселенскиот телескоп Хабл за поддршка на мисијата Јуно“.

За време на набудувањето, научниците ги испитуваа длабочините на облаците на Јупитер. На сликите беа прикажани топлите, длабоки слоеви на атмосферата на Јупитер, кои светат низ празнините во дебелата покривка од облаци.  На сликите, кога се гледаат во комбинација со набудувањата од Хабл и Јуно, се открива дека ударите на гром и најголемите бури се создадени „во и околу големи конвективни ќелии“ над облаци мраз и вода.

Астрономите, исто така, дознаа дека темните дамки во познатата Голема црвена точка, џиновска бура поширока од Земјата, не се ништо друго освен празнини во облакот. Тие порано веруваа дека темните дамки се резултат на варијациите на бојата на облакот. „Податоците од Gemini беа клучни затоа што ни овозможија редовно да испитуваме длабоко во облаците на Јупитер“, рече Мајкл Вонг од универзитетот Беркли, кој го водеше истражувачкиот тим.

Превод: Бојана Стефаноска

Извор: www.firstpost.com

Сподели.