Истражувачите најдоа слични нивоа на азот во метеоритите како во атмосферата на Земјата

0
Извор: НАСА.

Извор: НАСА.

Истражувачите од Германија најдоа нивоа на азот во два примероци од метеорити кои се поклопуваат со нивоата на азот во атмосферата на Земјата и во човечкото тело. Биле истражувани примитивни метеорити од Антарктик откриени во 1979 година. Во дебатата за еволуцијата на животот на Земјата се повеќе научници веруваат дека животот е дојден од надвор, преку комети, астероиди итн. Во новите истражувања најдоа докази дека нивоата на азот во нашата атмосфера се должи на метеорските дождови во минатото.

Пронајдениот азотен минерал е создаден од азот и хром. Ова е мошне невообичаено бидејќи азотот генерално е во гасовита состојба, а многу ретко се наоѓа како кристален минерал. Истражувачите претпоставуваат дека азотот дошол до оваа состојба поради шокантни бранови или колизија на мразови со амонијак. Понатаму, астеродите со овој состав се движеле низ сончевиот систем и дел од нив удирале во нашата атмосфера, со што го започнале развојот на азотот во нашата атмосфера.

Научниците со нетрпение ги очекуваат откритијата на вселенското летало Зора кое се очекува оваа пролет да влезе во орбитата околу џуџестата планета Церес, која се наоѓа во астероидниот појас. При тоа, се надеваат дека ќе истражи примероци од астеродите и дека во нив ќе се потврдат количествата на азот со оние кај веќе истражуваните астероди.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.