Истражувањето на Месечината ни ветува иновации и придобивки на Земјата

0

Одење на друг свет беше научна фантастика додека програмата Аполо на НАСА не ја реализираше. Педесет години подоцна, се осврнуваме на придобивките од Аполо и замислуваме како дигиталната ера може да Помогне сега кога Америка планира враќање на Месечината до 2024 година според програмата Артемида.

знаме

Иконските фотографии нè потсетуваат на отпечатоците од чизмите и знамињата што астронаутите ги оставиле зад себе, но малку познатите бранови ефекти од истражувањето на Месечината, се побројни и попознати овде на Земјата. Заслуги: НАСА

Високо-технолошки развој

Градење на компјутер за во вселената беше предизвик кој бараше стотици инженери. Технолошкиот институт во Масачусетс го составил компјутерот кој ги водел астронаутите на Месечината и безбедно ги вратил на Земјата. Технологијата беше околу една деценија пред своето време. Компјутерот имал 31 килограм, со големина од околу 30 сантиметри кубни.

Со намалувањето на хардверот на Аполо се обезбеди основа за нашата актуелна генерација на „џебни“ уреди. Софтвер, термин не толку познат во раните 60-ти години, денес претставува основа за сите модерни компјутери.

Во подготовката за слетување на првата жена и следниот човек на Месечината за пет години, НАСА го подобрува компјутерот со мал процесорски чип. “Компјутерот за насочување на Аполо дозволил само 85.000 инструкции во секунда”, објасни ЛаНетра Тејт. “Нашата компјутерска платформа со високи перформанси ќе овозможи 15 милијарди инструкции во секунда – многу побрз компјутер”.

Возбудливи откритија

Со помош на технологијата, Аполо го смени нашето разбирање за внатрешноста на сончевиот систем, вклучувајќи ја и нашата перспектива за Земјата.

Мисиите Аполо 7 и 9 останаа на орбитата на Земјата и ја фотографираа нашата планета во различни бранови должини на светлината. Оваа нова гледна точка им овозможи на научниците да имаат увид повеќе од она што е можно од земјата, и да придонесе за програмата Лендсат која започна само неколку години подоцна. Со текот на годините, оваа збирка на вредни сателити ги собира дневните информации за здравјето на нашата планета со следење на шуми, фарми, урбани области, изворина вода и многу повеќе.

Со слетување на Месечината, екипажот врати повеќе од 360 килограми лунарни карпи. Мострите продолжуваат да ја возбудуваат научната заедница. НАСА неодамна избра истражувачи низ целата земја за да ги проучат недопрените лунарни примероци со технологија од дваесет и првиот век.

Има уште многу да се научи. Астронаутите од Аполо собрале примероци само од неколку места на Месечината. Вселенското летало во орбитата околу Месечината откри неистражени региони кои се интересни за научниците. Идните астронаути ќе слетаат на јужниот пол на Месечината и ќе користат нови алатки за да дознаат за оваа област која е богата со течен мраз и можеби други ресурси.

површина на месечината

Претседателот им посочи на НАСА да слетаат американски астронаути на Месечината до 2024 година, а агенцијата забрзано работи на враќањето на човештвото на површината на Месечината. Заслуги: НАСА

Претседателот им посочи на НАСА да слетаат американски астронаути на Месечината до 2024 година, а агенцијата забрзано работи на враќањето на човештвото на површината на Месечината. Заслуги: НАСА

Неочекувани откритија

Многу технологија од времето на Аполо резултираше со пронаоѓање на нови производи. Овие откритија беа ненамерни, но добредојдени, со помош на Аполо. Од безжични алатки до рефлективна изолација, шансите се дека дел од откритијата од вселенската програма ги има во вашиот дом.

Меѓу најпознатите технолошки откритија од Аполо е правосмукалката Дастбастер. Астронаутите на Аполо имаа потреба од пренослив предмет способен да извлекува примероци од околку 10 метри под површината на Месечината. Црна и Декер ја подобрија вселенската технологија за развој на првата безжична минијатурна правосмукалка.

Денес, НАСА во просек има околу 1.700 пронајдоци годишно и продолжува да ја придонесува технологијата во корист на јавноста. “Колку повеќе НАСА има задача да ги реши тешките предизвици, толку е поголема веројатноста дека ќе треба да измислуваме нови решенија”, изјави извршниот директор на Програмата за трансфер на технологија Даниел Локни. “Одењето на Месечината бара нови технологии, и овие иновации би можеле многу да ни помогнат,и тоа од домашните работи, до медицинските процедури”.

Научна работна сила

Предизвикувачките мисии бараат енергична и талентирана работна сила. Аполо инспирираше цела генерација да ја започне својата кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката. Помеѓу средината на 1960-тите и 1970-тите години, имаше трикратно зголемување на докторските степени поврзани со овие науки.

НАСА, исто така, ги пренасочи ресурсите во американското образование за време на ерата на Аполо, градењето на објекти и придонес кон развојот на лабораториите на универзитетите и низ целата земја.

Агенцијата сé уште соработува со академските институции, индустријата, малите бизниси и меѓународните партнери за решавање на сложените предизвици. Интересите од разновидна група партнери се од суштинско значење за градење на отворена, агилна и одржлива архитектура за Месечината, и евентулно за Марс.

Враќањето на Месечината за пет години, плановите за истражувањето на Месечината на НАСА се базираат на двофазен пристап: првиот е фокусиран на брзината – слетување на Месечината до 2024 година, додека втората ќе воспостави постојано човечко присуство на и околу Месечината до 2028 година. Потоа ќе го искористиме она што го учиме на Месечината за да се подготвиме да испратиме астронаути на Марс.

За повеќе информации посетете: https://www.nasa.gov/moontomars

Превод: Лазар Динев

Извор: nasa.gov

Сподели.