Понекогаш кружните халоа неможат да се објаснат со повикувајќи на „обични“ хексагонални призматични кристали.
Овие се таканаречените „халои со непарен радиус“ предизвикани од пирамидални кристали од мраз. На овие кристали едната или двете крајни страни им е заменета од шест-страни пирамиди. Пирамидите се нешто смалени и централниот дел (во форма на призма) е понекогаш не е присутен, создавајќи 18 различни варијации со дури и до 20 страни. Многу веројатно, сите хексагонални кристали од мраз се всушност пирамидални со многу мало отстапување на нивните агли од пирамидалните.
За разлика од обичните призматични кристали каде аглите помеѓу страните се или 60 или 90 °, аглите помеѓу пирамидалните кристали можат да бидат 28, 52.4, 56, 62, 63.8 и 80.2. Секој различен агол формира различен посебен хало.
Халото со непарен радиус се феномени со мали отсатпки како попзнатите 22 и 46° халои . Нивните релативни интензитети- или дали воопшто ќе се појават (забележат) зависи од големината и бројот на одредни сетови од страни.
Халоата со непарен радиус на крај не се толку ретки колку што се мисли. Барајте ги почесто.
Превод-Христијан Петрески
Извор- atoptics.co.uk