Потврдена ниската густина на одредени егзопланети

0

Мисијата Кеплер и нејзината екстензија наречена К2, открија илјадници егзопланети. Тие беа детектирани со користење на транзит техниката, која го мери намалувањето на интентзитетот на светлината кога планета која орбитира поминува пред својата ѕвезда-домаќин, гледано од земјата. Транзитот не само што може да го одреди периодот на орбитирање, туку честопати се користи и за одредување на големината на егзопланетите со користење на деталната длабочина и обликот на кривата на транзит и својствата на ѕвездата – домаќин.

Кеплер 9

Уметничка претстава на стеларниот систем Кеплер 9 и две од неговите планети

Сепак, оваа метода не може да ја измери масата на планетата.Од друга страна пак, методата на радијална брзина која го мери нишањето на ѕвездата поради гравитацијата на орбитирачката егзопланета, овозможува мерење на самата маса. Преку сознанието за радиусот на планетата и нејзината маса, може да се одреди нејзината средна густина и со тоа да се добијат индиции за нејзиниот состав.

Пред 15 години, астрономи од CfA сфатиле дека кај планетарните системи со повеќе планети, периодичното гравитационо влечење на една планета кон друга ќе ги смени нивните орбитални параметри. Иако транзитниот метод не може директно да  ја измери масата на егзопланетите, тој може да ги детектира овие варијации кај орбитите и истите може да се моделираат така што ќе ги прикажат масите. Кеплер идентификувал илјадници егзопланетарни системи со варијации во времето на транзит, и дузина од нив беа успешно моделирани.

Изненадувачки е што оваа процедура откри дека поголем број од откриените егзопланети  имаат многу мала густина. На пример во Кеплер-9 системот има две планети со густини 0.42 и 0.31 соодветно. (За компарација, густината на Земјата е околу 5.51 грам на центиметар кубен, а водата, по дефиниција е 0.1 грам грам на центиметар кубен, а Сонцето има густина од 0.69.)

Впечатливите резултати фрлаат сомнеж на еден или повеќе делови од методологијата со вариијации на тајмингот на транзит и создадоа долготрајно загрижување. CfA астрономите David Charbonneau, David Latham, Mercedes Lopez-Morales, и David Phillips и нивните колеги ја тестираа доверливоста на методот со преку мерење на густините на планетите од Кеплер-9 системот со методата на радијална брзина. Го користеле HARPS-N спектометарот од Telescopio Nazionale Galileo во Ла Палма во 16 набљудувачки епохи; HARPS-N може да измери варијации во брзина со мала грешка, околу 20 милји на час. Нивните резултати ги потврдуваат малите густини добиени со транзит-тајминг методот и ја потврдуваат точноста и моќноста на транзит-варијација методата.

Превод: Даница Ѓорѓевска

Извор: Phys.Org

phys.org

Сподели.