Гугл и Фиделити инвестираат 1 милијарда долари во SpaceX на Елон Маск

0

SpaceX собра 1 милијарда долари од Гугл и Фиделити во договор што го вреднува произведувачот на вселенски бродови со околу 10 милијарди долари.

Инфузијата најави дека во вторник ќе им даде на инвестициите на Гугл и Фиделити скоро 10% удел во SpaceX, компанија која вработува повеќе од 3000 луѓе.

SpaceX не и откри на јавноста конкретни планови но, парите можат да му помогнат на Елон Маск да ги оствари своите соништа да слета луѓе на Марс во наредните 12 години и евентуално да изгради град на планетата.

Маск, кој е 43, јавно збореше за користење сателити за интернет пристап до изолирани делови на Земјата, мисија која Гугл исто така ја разви во посебен проект кој зависи од балони на големи височини. Како сопственик на најголемиот интернет пребарувач и мрежа за дигитално рекламирање, Гугл ќе направи повеќе пари доколку повеќе луѓе дојдат online.

Доналд Харисон, кој го набљудува тимот за развој на Гугл, ќе се приклучи на бордот на директори на SpaceX како дел од инвестицијата на компанијата.

SpaceX што значи Space Exploration Technologies (Технологии за истражување на вселената) предходно собра пари преку Founders Fund, Draper Fisher Jurvetson, Valor Equity Partners и Capricorn од основањето во 2002. Маск е и еден од креаторите на PayPal како и главен извршен директор на компанијата за производство на електрични коли Tesla Motors. Тој има стигнато до насловните страници со неговата визија за брз транспортен систем што ќе испукува патници низ цевки во воздухот од Сан франциско до Лос Анџелес.

Вселенските летала на SpaceX се користени за достава на намирници до Интернационалната Вселенска Станица.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: phys.org

Сподели.