Артист користи SpaceX ракета за да лансира „ѕвезда“ во орбита и астрономите не се среќни за тоа

0

Паглен со прототипот. Заслуги: Metro Pictures

•Контроверзен американски артист собирал донации за да постави „ѕвезда“ во орбитата.

•„Привремениот сателит“, Орбитален Рефлектор, ќе ги рефлектира сончевите зраци назад на Земјата.

•Инсталацијата се планира да биде поставена на SpaceX ракета кон крајот на октомври, но астрономите се нервозни поради целиот вселенски отпад и светлосното загадување што може да го попречи набљудувањето.

Контроверзен американски артист има намера да ја лансира неговата „ѕвезда“ во орбита со помош на SpaceX ракета – ракета од истата компанија која испрати Тесла Роудстер во вселената.

Тревор Паглен вложил 10 години работа на својот последен труд „Орбитален Рефлектор“ и како што може веќе да претпоставите тоа не е ѕвезда, триесет и три метарскиот рефлектирачки обелиск е инсталација.

Артистот ја има сфатено многу сериозно неговата работа, па и ние треба да го направиме истото: се има истакнато и има освоено неколку престижни награди. Има напишано неколку книги во врска со ЦИА и тајноста во САД, како и испратено стотина слики во вселената за да ги најдат другите цивилизации.

Кога сѐ ќе биде спремно, целото дело на Паглен ќе биде следено три месеци, затоа што тоа ќе биде времето за кое што ќе може да се гледа како свети во текот на ноќта додека орбитира околу Земјата на секои 90 минути, 560 километри над нас. Но, скоро два месеци уште пред да биде поставено, сето ова предизвикува грижи.

Технички, се работи за „Привремен сателит“. Ќе биде креиран со помош на парична донација во износ од 76000 долари собрана преку Кикстартер, Музејот на Уметност од Невада и компанијата Spaceflight Industries. Вкупната проценка на крајот се очекува да изнесува околу 1.3 милиони долари.

Полиетиленскиот балон во облик на дијамант е прекриен со титаниум диоксид за да го направи што е можно посјаен. Ќе биде спакуван во облик на кутија наречена КјубСат и кога ќе пристигне на целната дестинација ќе биде надуван со помош на јаглерод диоксид.

За сето време додека опстојува без да се распадне – а тоа би било најмалку два месеци – ќе ги рефлектира сончевите зраци назад на земјата, што значи дека дефинитивно ќе може да се забележи во текот на ноќта.

Паглен работел на своето дело „Орбитален Рефлектор“ 10 години. Заслуги: Музеј на Уметност на Невада

Некои астрономи и новинари се нервозни поради тоа, затоа што веќе има доволно отпад околу планетата. Очигледно, дури и еден мал дополнителен светкав објект може да предизвика доволно светлосно загадување за да попречи во сериозни научни истражувања.

Поентата е дека не е само еден дополнител објект. Претходно оваа година, од страна на тимот на Рокет Лаб од Нов Зеланд, било поставено нешто слично во вселената, но не траеше долго како што се мислеше и се уништи после два месеци.

„Ова е еднакво како на пример некој да постави неонски рекламен билборд точно пред прозорецот на вашата спална соба,“ кажа за Гизмодо Џонатан МекДауел, астрофизичар.

Можно е и веќе да го гледаме почетокот на користењето на вселената како место за приказ на уметноста, како и за рекламирање.

„Ова заслужува подетална и поширока посветеност на моралните и етичките импликации за вселенското истражување, како и меѓународно призната легислатива на вселената и нејзината одговорна употреба,“ доктор Даниел Браун, астрофизичар на Универзитет Нотингем Трент.

Вселенскиот отпад е навистина проблем што луѓето многу добро го игнорираат, затоа што ако се навлезе премногу длабоко тоа ќе застане на патот на некои интересни проекти како на пример прекривање на Земјата со илјадници наносателити за да ни се овозможи поголема интернет покриеност.

Но, тоа е всушност целата поента на тој Орбитален Рефлектор. Има за задача да нѐ направи повеќе свесни за целата активност таму горе што влијае на нашите животи тука долу. „Преку трансформирање на „вселената“ во „место“, невидливото станува видливо, се поттикнува имагинацијата и потенцијалот за иднината“, се вели на сајтот на кој е претставен целиот проект.

Паглен неодамна одговори на критиките велејќи:

„Малку е веројатно дека Орбиталниот Рефлектор ќе се движи пред полето на истражување на еден телескоп токму тогаш кога ќе се случува некое значајно набљудување и следствено да го уништи истото.“

И зошто, тој прашува, ова е поголем проблем отколку стотиците (наскоро илјадниците) сателити што се поставуваат секоја година? Паглен сеуште нема дозвола од надлежните за да го постави својот проект во вселената, но рокот за лансирање е крајот на октомври. Паглен барем може да нѐ увери дека неговиот вселенски отпад ќе согори за неколку месеци.

Превод: Христина Милошевска

Извор: Business Insider

Сподели.