Галаксијата изобилува со системи кои се многу слични на нашиот

0
Уметнички приказ на повеќепланетни системи. Заслуги: НАСА

Уметнички приказ на повеќепланетни системи. Заслуги: НАСА

За ловците по вонземски планета оваа година беше мошне возбудлива. Во Институтот СЕТИ и истражувачкиот центар Амес на НАСА преку анализирање на податоците од Кеплер беа откриени нови 715 планети. Тие орбитираат околу 305 различни ѕвезди со што оформуваат планетарни системи кои потсетуваат на нашиот. Понатаму, Кеплер ја пронајде и првата планета (Kepler 186f) со големина на Земјата која се наоѓа во поволната зона за развој на животот.

Повеќето од останатите откриени планети орбитираат многу близу до нивните ѕвезди, со растојание помало она помеѓу Меркур и Сонцето, но постои дел кој е дефинитивно многу сличен со нашиот ситем.

Зголемениот интензитет на пронаоѓање егзопланети се должи и на новата аналитичка шема која се нарекува многукратна верификација, техника која се применува врз многу планети одеднаш. За реализација се користат тези на веројатност, па така се проценува бројката со оглед на тоа што од150,000 ѕвезди кои биле набљудувани од страна на Кеплер стотици имале повеќе планети во својот систем. Со овие нови истражувања вкупната бројка на откриени планети во Млечен пат е над 1,700.

Несомнено е дека што повеќе истражуваме толку повеќе ќе наидуваме на системи кои наликуваат на нашиот. Поради ова можеме да веруваме во претпоставката дека на многу од нив е застапен и развиен животот.

Собирањето податоци со Кеплер заврши во пролетта минатата година поради дефект на едно од тркалата, неопходно за насочување на телескопот. Но, на оваа пауза можеби и се ближи крајот бидејќи во Мај беше одобрена мисијата К2 со која е предвидено притисокот од сончевата светлина да го замени расипаното тркало.

Извор: phys.org

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.