Забележана галаксија која орбитира околу Млечниот Пат

0

Научниците открија мала галаксија која орбитира околу нашата, Млатечниот П. Истата е наречена Хидра 1 и се наоѓа на околу 90 000 светлосни години од Земјата, помеѓу Малиот и Големиот Магеланов Облак.

Галаксијата е откриена со помош на Камерата за темна енергија на Бланко телескопот во Чиле. Извештајот во којшто е опишано откритието е достапно на arXiv и е доставено до Кралското Астрономско Друштво. Истражувањето е предводено од Сергеј Копосов од Универзитетот Карнеги Мелон во Пенсилванија.

“Ве известуваме за откривањето на блиска, мала галаксија во соѕвездието Хидра (Водна Змија), помеѓу Малиот и Големиот Магеланов Облак”, напишаа авторите во извештајот.

Хидра 1 е џуџеста галаксија, опишана е како ултра замаглена. Има дијаметар од само 326 светлосни години, што е незначајно  во споредба со Млечниот Пат кој има 100,000 светлосни години. Галаксијата е толку мала што всушност може да биде глобуларен кластер, збир од ѕвезди. Ова ќе им помогне на астрономите полесно да го сфатат опкружувањето на нашиот Млечен Пат.

Истражувачите открија и дека Хидра 1 содржи ѕвезди што се релативно сиромашни со метали, слично како и претходно познатите и истражувани џуџести галаксии. Галаксиите се опишуваат како “џуџиња” доколку содржат околу 100 милиони до неколку милијарди ѕвезди, многу помалку во споредба со 400 милијарди ѕвезди во нашата галаксија.

Тимот додава и дека галаксијата ротира, а тоа воедно ја прави и “првата ултра-замаглена џуџеста галаксија што ротира” некогаш забележана.

Во овој момент, поврзаноста помеѓу Хидра 1 и Малиот и Големиот Магеланов Облак не е баш јасна, но постои надеж дека податоците кои се добиваат од мисијата ГАЈА, вклучувајќи го и мапирањето на блиските ѕвезди ќе ни помогнат многу повеќе.

Превод: Христина Милошевска

Извор: thespaceacademy.org

Сподели.