Експеримент со зрак од неутрина би можел да објасни фундаментален проблем со Универзумот

0

Опсерваторијата Камиока (Kamioka Observatory), ICRR (Instiitute for Cosmic Ray Research), the University of Tokio.

Зошто Универзумот се состои од материја наместо од антиматерија? Ова навидум просто просто прашање ги одржува голем број од научниците зафатени.

Според стандардниот модел на честичната физика, односно теоријата на фундаменталната физика, материјата и антиматеријата се во совршен баланс, па на тој начин мора да постои некој „механизам“ кој на материјата ѝ дава предност.

Јапонски научници можеби дошле до пронаоѓање на еден од овие механизми. Според прелиминарни резултати од „Tokai to Kamioka (T2K) експериментот со неутрина“, осцилации на неутрина се случуваат почесто отколку осцилации на анти-неутрина, коешто можело да има пресудна улога во доминацијата на материјата врз антиматеријата по Големиот Прскот.

Неутрината се минијатурни фундаментални честички без полнеж кои се создаваат при нуклеарни реакции. Секоја секунда, константно низ нашите тела поминуваат трилиони неутрина кои доаѓаат од Сонцето. Има три типа на неутрина (електрон, муон и тау), и неутрината осцилираат (се менуваат) од тип до тип.

Т2К експериментот ги детектирал овие осцилации испукувајќи зрак од неутрина од научиот центар во Токаи до Супер-Камиоканде детекторот на неутрина оддалечен 295 километри.

Хирохиса Танака од Универзитетот во Торонто, Канада, ги соопштил последните резултати од Т2К на 27та Меѓународна конференција  за физика на неутрина и астрофизика (Неутрино 2016). Експериментот детектирал 32 муон неутрина претворајќи се во електрон неутрина и само 4 муон анти-неутрина претоворајќи се во електрон анти-неутрина.

Ова откритие е доста интересно, но сè уште е рано да ги „фрлиме учебниците по Физика низ прозор“. Оваа детекција има ниво на доверливост од две сигми, што значи дека таква разлика помеѓу неутрина и анти-неутрина се забележува еднаш на 20 поворувања на експериментот.

Златниот стандард за научни откритија во Физиката се пет сигми.

Ако ова откритие се потврди, тоа може да претставува интересно нарушување на фундаменталната симетрија на Физиката наречена ПП (Полнеж и Парност). Симетријата на полнежи значи дека кога би ги замениле сите честички со нивните анти-честички, и кога би ја задржале поставеноста на Вселената, и физиката би требало да ги задржи своите закони. Неодамна уште едно нарушување на ПП е забележано со откривањето на новиот крушовиден атом.

Ние сме свесни дека постои физика надвор од Стандардниот модел, и можеби сме блиску до откривање на тоа што таа претставува.

Превод: Бобан Панов

Извор: IFL Science

Сподели.