Експедиција Герман

0

Веќе одамна планирав да отидам некаде на тромеѓето помеѓу Македонија, Србија и Бугарија. На едно од нашите теренски посети, Филип Чакаров спомна дека Герман е локалитет каде што може многу лесно да се стигне по релативно добар пат. Со Горан Петров се договоривме да не чекаме да дојде пролет, туку ако се укаже шанса да одиме штом ќе се разведри времето. Прогнозата за 24-ти декември 2014 г. беше поволна и се упативме кон Герман.

Поглед накај југ од планите во близна на селото Герман.

Поглед кон југ од планите во близна на селото Герман.

Отидовме порано за да можеме преку ден да ја разгледаме локацијата која би била поволна за поставување телескопи и за евентуално сместување. Видовме неколку убави локации за набљудување и фотографирање, но за жал не најдовме некое место каде што би можеле да престојуваме или барем да го користиме делумно за престој и да се приклучиме на струја.

Радан ги демонстрира страните на светот на една од потенцијалните локации за астро-набљудување (панорама).

Радан ги демонстрира страните на светот на една од потенцијалните локации за астро-набљудување (панорама).

Преубавото зајдисонцето ни даде знак дека треба да одлучиме на која локација ќе се сместиме за време на вечерта.

Преубавото зајдисонце ни даде знак дека треба да одлучиме на која локација ќе се сместиме за време на вечерта.

Некаде пред да се стемни одбравме една пространа и убава ливада каде имавме убав поглед на сите страни. Само на североисточиот дел беше делумно затскриена од едно брдо, но не повеќе од десетина степени од хоризонтот.

Кога го наместивме телескопот за набљудување (Добсон), подзаставме да ја видиме младата Месечина наспроти се уште светлото небо.

Кога го наместивме телескопот за набљудување (Добсон), подзаставме да ја видиме младата Месечина наспроти се уште светлото небо.

Поставувањето на сите телескопи одзема прилично време, но кога се стемни веќе бевме комплетно поставени. За набљудување го носевме големиот Добсон, а за фотографирање две монтажи. Се потрудивме и двете да бидат максимално добро усеверени, бидејќи немавме можност за автоматско следење кај нив. На едната монтажа поставивме два апарати со кои паралелно фотографиравме едни исти објекти. На модификуваниот Канон 20Д поставивме објектив 300мм (Таир) и немодификуван Канон 5Д марк 2 со објектив од 200мм. Водењето на оваа монтажа беше прилично добро при што отфрливме само неколку од фотографиите. Со оваа монтажа во текот на вечерта ја сликавме маглината М42 и кометата Лавџој Q2. Пробавме да фатиме уште неколку објекти, но не успеавме успешно да ги поставиме во кадар.

Маглината М42, попозната како Орионовата маглина. Сликата е комбинација од 34 експозиции, на ISO 1600, 2 минути за секоја експозиција. Обработката е направена во PixInsight.

Маглината М42, попозната како Орионовата маглина. Сликата е комбинација од 34 експозиции, на ISO 1600, 2 минути за секоја експозиција. Обработката е направена во PixInsight.

На новата Скајвочер монтажа сликавме со вториот модификуван Канон 20Д и објектив од 85мм при што грешките во пратењето беа уште помали. Со ова поставка сликавме широкоаголно, најпрвин во соѕвездието Лебед. Поточно, цел ни беа маглините Северна Америка и Пеликан.

Маглината Северна Америка, наречена така заради нејзиниот облик (NGC 7000). Иако самата маглина зафаќа релативно големо видно поле (како четири месечини), не може лесно да се забележи со директно гледање заради слабата осветленост. Десно под Северна Америка на сликата може да се забележи и маглината Пеликан (IC 5070). Фотографијата е изработена од 45 експозиции, сликани со Канон 20Д фотоапарат и објектив од 85mm. Екпсозициите се по 60 сенунди, со бленда f/3.5 и ISO 1600. Обработката е во PixInsight.

Маглината Северна Америка, наречена така заради нејзиниот облик (NGC 7000). Иако самата маглина зафаќа релативно големо видно поле (како четири месечини), не може лесно да се забележи со директно гледање заради слабата осветленост. Десно под Северна Америка на сликата може да се забележи и маглината Пеликан (IC 5070). Фотографијата е изработена од 45 експозиции, сликани со Канон 20Д фотоапарат и објектив од 85mm. Екпсозициите се по 60 сенунди, со бленда f/3.5 и ISO 1600. Обработката е во PixInsight.

По нешто повеќе од изминат еден час ја свртевме инсталацијата да ја слика маглината Калифорнија во соѕвездието Персеј. И двете маглини имаат црвеникава боја, па модификуваниот Канон 20Д прилично помогна подобро да се фатат слабо осветлените делови од црвенкастите маглини.

Mаглината Калифорнија (NGC 1499) името исто така го добила според обликот. Одалечена е 1000 светлосни години од нас и тешко може да се види со голо око.  Ја сликавме широкоаголно со модификуван Канон 20Д и 85mm oбјектив. Се работи за 94 комбинирани експозиции, секоја од една минута, на ISO 1600 и бленда f/4. Обработката е во PixInsight и Photoshop (селективна сатурација/десатурација).

Mаглината Калифорнија (NGC 1499) името исто така го добила според обликот. Одалечена е 1000 светлински години од нас и тешко може да се види со голо око. Ја сликавме широкоаголно со модификуван Канон 20Д и 85mm oбјектив. Се работи за 94 комбинирани експозиции, секоја од една минута, на ISO 1600 и бленда f/4. Обработката е во PixInsight и Photoshop (селективна сатурација/десатурација).

На посебен статив поставивме уште еден фотоапарат да ја слика дел од ливадата каде што бевме поставени со целосната опрема вклучувајќи ја и колата на Горан. Тој апарат со мали проблеми снимаше стартраил вклучувајќи не и како зуиме од еден до друг телескоп.

Со Добсонот набљудувавме во моментите кога не бевме зафатени со фотографирањето. Одамна немаме излезено да го набљудуваме на подолго време овој дел од ноќното небо, кое според многумина е најубаво. Од Орионова маглина, па до планетата Јупитер пред самиот крај се редеа објект зад објект набљудувани со и без посебни филтри. Од многуте нешта би ја издвоил Кометата Лавџој, а маглината Розета за прв пат ја видовме онака во целост, секако со употреба на филтер ОIII и окулар од 40мм.

За жал, небото не беше толку темно колку што очекував. SQM покажа најтемна вредност од 21.2 магнитуди, додека јас очекував да биде барем 21.5. Можеби затоа не успеавме да ја видиме убаво фамозната маглина Коњска глава иако малку како да се насетуваше.

Кометата Лавџој Q2 ја сликавме со два фотоапарати, широкоаголно, но не сме многу задоволни со резултатите. Кадрирањето не беше соодветно, опашот на кометата е подескпониран, а градиентот од светлосното загадување беше прилично голем. Исто така наидовме на проблеми при обработиме на фотографијата и се уште сме во потрага на соодветни решенија. Обработката на комети е една од потешките задачи во астрофотографија заради нејзиното движење во однос на ѕвездите. Иако почнавме рано, мислев дека ќе ни застуди по подолго време поминато на отворено (и на 1300 метри надморска височина). Сепак, температурата не се спушти под 2 степени Целзиусови. Со работа завршивме околу еден часот по полноќ и додека ја спакувавме целата опрема ни требаше доста време, при што не фати 2 часот наутро.

Кометата Лавџој Q2 ја сликавме со два фотоапарати, широкоаголно, но не сме многу задоволни со резултатите. Кадрирањето не беше соодветно, опашот на кометата е подескпониран, а градиентот од светлинското загадување беше прилично голем. Исто така, наидовме на проблеми при обработката на фотографијата и сè уште сме во потрага на соодветни решенија. Обработката на комети е една од потешките задачи во астрофотографија, заради нејзиното движење во однос на ѕвездите.

Иако почнавме рано, мислев дека ќе ни застуди по подолго време поминато на отворено (на 1300 метри надморска височина). Сепак, температурата не се спушти под 2 степени Целзиусови. Со работа завршивме околу еден часот по полноќ и додека ја спакувавме целата опрема ни требаше доста време, пришто не фати 2 часот наутро.

Лично ова е една од најубавите вечери за набљудување со телескопи што сум ја имал по долго време. Чувството дека голем дел од опремата е ставена во функција на убава ведра ноќ со неброено многу убави објекти кои можат да се видат навистина целосно ме исполни. Самиот звук на 4 фотоапарати што последователно сликаат во темнина за мене е вистинско доживување. Многу направени фотографии и набљудувани објекти го оправдаа долгиот пат до Герман.

Ние и патеката на ѕвездите (startrail). Сликано со фотоапарат Канон 50d. Апаратот често запираше со сликањето, заради дотрошени батерии, и заради проблемот со расипан шатер, но ефектот испадна интересен.

Ние и патеката на ѕвездите (startrail). Сликано со фотоапарат Канон 50д. Апаратот често запираше со сликањето, заради дотрошени батерии, и заради проблемот со расипан шатер, но ефектот испадна интересен.

Горан со денови се обидуваше да ги обработи фотографиите, но колку и да се трудеше како да имаше нешто што ни недостасува да прикажеме навистина добри резултати. И на крај видовме дека тоа што ни недостасува е вистински софтвер за обработка на астрофотографии. Веќе одамна знаевме за специјализираниот софтвер ПиксИнсајт (PixInsight), кој е прилично моќен, но и сложен, па дури сега Горан посериозно се зафати со неговото проучување и користење.

И резултатите беа и поголеми од колку што јас лично очекував. Со денови, или поточно цели ноќи, на линија се консултиравме со Горан како да го извлечеме најдоброто од она што го донесовме како информации од Герман. Резултатите на тоа можете да ги видите во овој извештај.

Се надевам дека ова нема да ни биде последен пат да одиме во Герман. Местото е убаво и може да се помине еден убав викенд со шетање по околините шуми и врвови.

Работната околина на софтверот PixInsight, кој според астрофотографите е несомнено најдобар софтвер за обработка.

Работната околина на софтверот PixInsight, кој според астрофотографите е несомнено најдобар софтвер за обработка.

Текст: Радан Митровиќ

Фотографии: Горан Петров

Сподели.