Епски планетарен бран се криел зад токсичните облаци на Венера со децении

0

Длабоко во густите отровни облаци околу Венера, атомсферата се однесува многу чудно. Џиновски досега непознат бран од облаци патува на запад долж планетата и ја минува целата површина секои 4,9 дена. Уште поинтересно, бранот најверојатно постои уште од 1983.

Со големина до 7500 km во должина, го минува екваторот до средните јужни и северни географски ширини, на ниска височина помеѓу 47,5 km и 56,5 km. Ова е прв ваков феномен досега забележан во Сончевиот Систем.

„Доколку ова би се случило на Земјата, бранот би имал фронтална површина колку целата планета“ вели астрофизичарот Педро Мачадо од институтот за астрофизика и вселенски науки во Португалија.  „Тоа е неверојатно.“

венус 2

Бран со големина на цела планета. Заслуги: Javier Peralta/JAXA-Planet C team)

Венера е екстремно место за една карпеста планета во населливата зона. Комплетное прекриена со дебела атомсфера скоро целосно составена од јаглерод моноксид која ротира 60 пати побрзо од самата планета, произведувајки неверојатни ветришта.

Од атмосферата врне сулфурна киселина а атмосферскиот притисок на нултата височина е скоро сто пати поголем од на Земјата. Ако ова не беше доволно лошо, има просечна површинска температура од 471°C. Облачната атмосфера е фасцинатно место со тенденција за огромни бранови. Структурата во форма на лак долга 10,000 km која се појавува и исчезнува во горната атмосфера е стационарен гравитационен бран кој се смета дека го создава ротирачката атмосфера која дува наспроти планина на површината. Уште една структура која ја обиколува планетата во со облик на буквата Y на врвовите на облаците, е всушност бран кој подлежи на дисторзија заради моќните верови на Венера.

Но, има уште. При проучувањето на сликите направени од јапонскиот орбитер Akatsuki меѓу 2016 и 2018 година, тим од истражувачи предводен од физичарот Хавиер Пералта од Јапонската вселенска агенција (JAXA) забележал структура налик атмосферски бран но на неочекувана височина.

Новата структура е различна. Многу е подлабоко од било кој досега детектиран атмосферски бран на Венера, појавувајки се во слојот на облаци одговорен за ефектот на стаклена градина кој ја прави површината толку жешка.

Внимателната анализа, како и проучувањето на минатите набљудувања, покажале дека структурата се јавува повеќе пати уште од 1983 година, иако досега останала незабележана поради тоа што може да се забележи само преку колекција на набљудувања направена од голем број инструменти за одредено време.

Истражувачите одредиле дека новоидентификуваната структура може да достигне до 7500 km и прави круг околу планетата на секои 4,9 дена со брзина од 328 km/h. Ова е малку побрзо од облаците на ова ниво кои имаат ротационен период од околу 5,7 дена.

Но, сеуште е мистерија што ја предизвикува.

„Ова атмосферско нарушување е нов метеоролошки феномен, кој е досега незабележан на другите планети. Поради ова сеуште е тешко да се одреди убедлива физичка интерпретација.“ вели Пералта.

Но, нумеричките симулации откриваат дека голем дел од својствата на нарушувањето може да се видат кај нелинеарните атмосферски келвинови бранови. Овде на Земјата тие представуваат големи гравитациски бранови (да не се помешаат со гравитациските бранови кои представуваат нарушувања во време-просторот кои патуваат со брзина на светлината) кои се понекогаш заробени на екваторот под влијание на ротацијата на планетата.

Како земјените келвинови бранови и оваа структура на Венера се шири во иста насока како и ветровите кои ја обиколуваат планетата – и нема ефект врзи меридијалните ветрови кои дуваат меѓу северот и југот.

венус 3

Заслуги: Planet-C Project Team, NASA, IRTF

Ако структурата представува келвинов бран ова може да доведе до некои интересни импликации. На пример, не знаеме зошто атмосферата на Венера ротира толку брзо. Келвиновите бранови може да стапат во интеракција со останатите видови на атмосферски бранови како росбиевите бранови.

Ова може да доведе до интересни заклучоци за атмосферската супер-ротација. Еден келвинов бран исто така би ни помогнал да ја разбереме врската меѓу топографијата на површината на Венера и динамиката на нејзината атмосфера.

„Бидејки ова нарушување не може да се набљудува во ултравиолетовите слики кои ги прикажуваат врвните 70 km на облаци, потврдувањето на неговата бранова природа е од критично значење“ вели Пералта. „Конечно би нашле бран кој транспортира импулс и енергија од длабоката атмосфера кои исчезнуваат пред да стигнат до врвот на облаците. Поради ова, можеби го депонира својот импулс на нивото каде ги набљудуваме најбрзите ветришта на таканаречената атмосферска супер ротација на Венера, чии механизми долго време се мистерија“

Повеќе веќе тековни набљудувања, ќе се обидат да го одгатнат овој мистериозен ѕид.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.sciencealert.com

Сподели.