„Дух“ објект се појавува на Титан

0
При изминати прелетувања, „Магичен Остров“ не беше видлив близу до брегот на Лигеиа Маре (лево). Тогаш при прелетувањето на Касини на 20 Јули 2013 се појави својство (десно) Кредит: NASA/JPL-CALTECH/ASI/Cornell University, уредување на слики преку Ian O’Neill/Discovery News.

При изминати прелетувања, „Магичен Остров“ не беше видлив близу до брегот на Лигеиа Маре (лево). Тогаш при прелетувањето на Касини на 20 Јули 2013 се појави својство (десно) Кредит: NASA/JPL-CALTECH/ASI/Cornell University, уредување на слики преку Ian O’Neill/Discovery News.

Астрономите на Касини мисијата пронашле светол, мистериозен геолошки објект на месечината на Сатурн, Титан кој наеднаш се појави во слики на радарскиот инструмент на мисијата. Објектот се појави во Лигеиа Маре, второто најголемо море на Титан. Особината изгледа како остров и така тимот ја нарекле „Магичен Остров“. Сепак, најверојатно не е остров кој наеднаш се појавил. Научници велат дек ова може да биде првата опсервација на динамични, геолошки процеси на Титановата северна хемисфера.

Објектот наеднаш се појави во слики пратени од Касини на 10 јули 2013, покажувајќи региони на Лигеиа Маре, море лоцирано близу до Титановиот северен пол. Но тогаш, исто така наеднаш, во последователно прелетување само денови подоцна на 26 Јули, островот го снема. Последователни прелетувања потврдија дека Магичниот Остров го снема и е нешто познато како „транзиентна особина“.

„Ова откритие ни вели дека течности во Титановата северна хемисфера не се едноставно стагнантни и непроменливи, туку дека промени се случуваат,“ кажа Џејсон Хофгартнер, апсолвент на Корнел и главен автор на научно испитување која се појави на Природна Геонаука. „Не знаеме точно што го предизвикало овој „магичен остров“ да се појави, но би сакале да го проучуваме понатаму.“

Титан е моментално единствениот друг свет освен Земјата кој е познат да има стабилни тела од течност на неговата површина. Но за разлика од Земјата, Титановите езера не се полни со вода – тие се полни со течен метан и етан, органски соединенија кои се гасови на земјата но течности на Титановата ладна средина (-180 Целзиусови степени).

Што претставува овој објект? Ова се објаснувањата на тимот:

  • Ветрови на северната хемисфера може да формираат бранови на Лигеиа Маре. Радарскиот систем може да ги гледа овие бранови како „дух“ остров. Научници имаат забележано нешто како бранови во друго Титаново море, Пунга Маре.
  • Гасови може да се издигнуваат од морскиот под на Лигеиа Маре, издигнувајќи се на површината како меури.
  • Потонати смрзнатини формирани од зимски ветрови можеле да станат лебдечки со појавувањето на Титановите пролетни температури.
  • Суспендирани тврди објекти кои не се потонати, но ниту лебдат, а се однесуваат како пакети кал во терестријална делта.

„Веројатно, повеќе различни процеси – како ветер, дожд и бранови – може да влијаат врз езерата од метан и етан на Титан. Сакаме да ги видиме сличностите и разликите од геолошките процеси кои се случуваат тука на Земјата,“ вели Хофгартнер. „На крај, ќе ни помогне да ги разбираме течните средини тука на Земјата подобро.“

Превод: Јован Милосковски

Извор: Universe Today

Сподели.