Овој неверојатен инфографик го прикажува изгледот на дождот во другите делови од Сончевиот систем

0

Врнежите се многу пораспространети низ Сончевиот систем отколку што се претпоставува. Очигледно врне вода на Земјата. Но, на Марс паѓа „снег“ од  јаглерод диоксид, на Титан врне дожд од метан, сулфурна киселина на Венера, а на Нептун  можеби врнат дијаманти.

Видот на дождот е скоро толку разновиден каолку и самите планети. Новото истражување направено од тим предводен од Кејтлин Лофтус од Харвард, откри сличност помеѓу  сите течни супстанци што претставуваат дожд низ Сончевиот систем – сите капки, без оглед на супсатнцата од која се направени, се со приближно иста големина.

Постојат две главни причини за ова: малите капки дожд испаруваат додека пак големите капки дожд се разделуваат на помали. За да утврдат какви би биле тие нивоа, научниците ги  погледнале големините на капките на планети слични на Земјата, како што се Марс или Венера.

Резултатите од тие модели покажа, како што би можеле да се очекува, капки со радиус помал од 1/10 од милиметарот, испаруваат пред да удрат паднат на земјата.

капки

Споредба на „вонземски“ дождовни капки. Колкави можат да бидат капките што паѓаат на другтите светови во нашиот сончев систем?

Поголемите капки со радиус поголем од неколку милиметри, од друга страна, ќе се поделат на капки со попросечен радиус.

Дури и на поголемите планети, немаше драматична разлика во големината. Дождот на Јупитер или Сатурн би бил и по големина и по форма, сличен на оној на Земјата, или оној Марс. Слично, супстанцата од кој се состои капката дожд немаше особено влијание врз големината на капката.

На пример, на Титан врне метан. Студијата открива дека најголемата од овие капки метан ќе биде само двапати поголема од просечната капка на Земјата, и покрај драматично различните гравитации и временски шаблони на Титан.

Сè уште не е јасно зошто точно постои оваа сличност, иако тимот смета дека има врска со густината и површинскиот напон на супстанцата. Разбирањето на таа врска не е единствената корисна работа која би произлегла од понатамошните студии во оваа област.

Разбирањето како се формираат капки дожд на други планети, може да им помогне на егзопланетолозите да ги разберат атмосферите на егзопланетите. Ова е тема која ќе стане многу позастапена со лансирањето на многу помоќни сателити кои би набљудувале егзопланети во блиска иднина.

Иако би можело да помине долго време до тоа некој лично да биде сведок на дожд на друг свет, сознанието дека нема да биде многу поразличен од оној на Земјата е навистина утешна мисла.

Превод:Христијан Петрески

Извор: sciencealert.com

Сподели.