Вселенско летало на НАСА можеби детектирало џиновски ѕид на работ на Сончевиот систем

0

Нови Хоризонти, вселенското летало на НАСА, им има помогнато на научници да проучат мистериозен феномен на работ на Сончевиот систем, каде честички од Сонцето и меѓуѕвездениот простор се среќаваат.

Овој регион, околу 100 пати подалеку од Сонцето отколку што е Земјата, е каде ненаелектризирани водородни атоми од меѓуѕвездениот простор се среќаваат со наелектризирани честички од нашето Сонце. Вторите се протегаат од нашето Сонце во балон наречен хелиосфера.

Во точката каде двете се среќаваат, позната како хелиопауза, се мисли дека таму има акумулација на водород од меѓуѕвездениот простор. Ова креира еден вид на “ѕид“, кој ја прекршува ултравиолетовата светлина која надоаѓа.

Пред околу 30 години Војаџер 1 и 2, вселенските летала на НАСА, прво го детектираа овој ѕид, и сега Нови Хоризонти пронајде нови докази за него. Научен труд во кој беа објаснети пронајдоците ке биде публикуван во Геофизички Истражувачки Писма.

„Ја гледаме границата помеѓу постоење во сончевото соседство и постоење во галаксијата,“ д-р Лезли Јанг од Југоисточниот Истражувачки Институт во Колорадо, една од ко-авторите на научниот труд, им изрече на Научни новости.

Нови Хоризонти детектираше користејќи го својот Алис УВ спектрометар, вршејќи мерења од 2007 до 2017год. Пронајде ултравиолетов блесок познат како Лиман-алфа линија, кое настанува кога соларни честички се судираат со водородни атоми.

Го гледаме овој ултравиолетов блесок насекаде низ Сончевиот систем. Но кај хелиопаузата изгледа дека постои и друг извор предизвикан од ѕидот од водород, создавајќи поголем блесок. Зад ѕидот има повеќе ултравиолетова светлина во споредба со пред него, сугерирајќи дека е прекршена од ѕидот.

„Овој далечен извор би можел да биде отпечаток на ѕид од водород, формиран близу до точката каде меѓуѕвездениот ветер се среќава со соларниот ветер,“ истражувачите напишаа во нивниот научен труд.

ѕидот

Се смета дека ѕидот се наоѓа на локацијата на хелиопаузата/НАСА

Теоријата сѐ уште не е дефинитивна. Возможно е друг извор на ултравиолетова светлина во нашата галаксија да го предизвикува овој блесок во позадината. За да дознаеме за сигурно, Нови Хоризонти ќе продолжи да го бара ѕидот околу два пати во година.

Во одреден момент, Нови Хоризонти ќе го премине ѕидот, ако постои, количината на ултравиолетова светлина која ја детектира ќе се намали. Тоа би ни обезбедило дополнителни докази ако ѕидот навистина постои.

Војаџер 1 и 2 сега се веќе зад ѕидот, тие веќе не можат да извршуваат и понатамошни детектирања. Но Нови Хоризонти е само 42 пати подалеку од Сонцето отколку што е Земјата, растојание за кое да го достигне му беа потребни 12 години, и моментално е на пат да истражува нова цел наречена Ултима Тјул откога прелета покрај Плутон во 2015год.

Ако нашите претпоставки се точни, тогаш до моментот на завршување на мисијата за околу 10 до 15 години, се надеваме дека само што пристигнал до ѕидот. Во тој момент, можеби за сигурно ќе знаеме дали постои или не.

Преведувач: Дејана Маркова

Извор: iflscience.com

Сподели.