Детекција на литиум при експлозија на нова можеби ќе биде клучот за откривање на тајната на Универзумот

0
Детекција на литиум при експлозија на нова

Новата Кентаури 2013 е видлива како најсветлата точка на оваа фотографија. Заслуги: ESO

Едно од многуте загадочни прашања на кои астрономите немаат одговор е зошто елементот литиум, кој е еден од ретките елементи создадени при Големиот Прскот, е 10 пати позастапен во младите ѕвезди отколку во постарите.

Но, направен е чекор напред во однос на ова прашање. За првпат пронајден е литиум во материјал исфрлен при нова, односно помала ѕвездена експлозија од супернова. Иако и во минатото астрономите верувале дека младите ѕвезди го добиваат литиумот од нова, ова е првиот директен доказ дека тоа е точно.

Тимот предводен од Лука Изо од универзитетот во Рим, го користел 2,2-метарскиот телескоп од опсерваторијата Ла Сија (La Silla Observatory), како и спектографот од ESO телескопот од опсерваторијата на Понтифиција во Санта Марина близу Сантијаго, за да дојдат до ова откритие.

Тие ја проучувале новата Кентаури 2013 (V1369 Centauri), експлозија видлива и со голо око на јужното небо во декември 2013, која воедно е најсветлата нова во овој век.

Литиум со маса помала од билионити дел од масата на Сонцето е забележан како излегува од новата со брзина од 2 милиони километри на час. Иако се работи за мала количина, сепак има свое значење бидејќи само во историјата на Млечниот Пат имало милијарди експлозии на нови. Според тимот количините се доволни за решавање на долгогодишниот проблем со потеклото на литиумот.

„Тоа е голем чекор напред“ – вели коавторот на студијата, Масимо де ла Веил од Астрономската Опсерваторија на Капо ди Mонте, лоцирана во Неапол, Италија.

„Доколку ја замислиме хемиската еволуција на Млечниот Пат како голема сложувалка, тогаш литиумот од новите е еден од најважните, загадочни делови кои недостигаат. Секако, сè уште секој модел на Големиот Прскот е во игра, сè додека загатката со литиумот не биде целосно одгатната.“

И, секако, сега сме на прагот од негово целосно разјаснување.

Превод: Дарија Велкова

Извор : IFL Science

Сподели.