Оваа недела на Националниот Астрономски Состанот на Кралското Астрономско Друштво во Обединетото Кралство, физичарите дебатирале околу резултатите од BICEP2 истражувањето во врска со периодот на инфлација на Универзумот. Ново истражување фрла сомнеж околу теоријата за инфлација во Стандардниот Космолошки Модел кој ни ги опишува силите во природата, природата на елементарните честици и моменталната состојба на познатиот Универзум.
На 17 март 2014, се чинеше дека на светот му беше понуден еден поглед кон ултимативниот ред од пред билиони и билиони години… всушност од почетокот на времето. BICEP2 машината на Јужниот пол достави слика која после низа на анализи ги наведе истражувачите да заклучат дека тие го нашле најраниот остаток од раѓањето на Универзумот. Еден потпис во древна светлина која ја подржува теоријата на инфлација.
Пред 30 години, теоријата на инфлација беше зачната од физичарите Алан Гут и Андреј Линде. Гут , Линде и други сфатиле дека ненадејна експанзија на Универзумот по само 1/1000000000000000000000000000000000 дел од секундата после Големата Експлозија би ја решила мистеријата на Космосот. Инфлацијата може да ни го објасни космичкото позадинско зрачење.
Кога BICEP2 тимот го објави нивниот резултат научната јавност беше возбудена. Настанот на инфлација кој беше подржен од податоците за позадинското зрачење наречено како суперладење на Космосот, сепак имаше физичари кои останаа индиферентни и контрарни на теоријата. Реномираниот британски физичар Сер Роџер Примроуз беше еден од оние кои останаа незасегнати од откритиете и изјавија дека неверојатното кружно поларизирање на светлината кое останало во процесирите податоци од BICEP2 би можеле да бидат објаснети како да се настанати со интеракција со прашина, светлина или магнетни полиња во Млечниот Пат.
Сега, нови набљудувања од друг детектор, оној на Планк сателитот кој ја орбитира Земјата, покажува прашината во Млечниот Пат која исто така игра улога во позадинското зрачено од локални извори, била занемарена од тимот на BICEP2. Но ова не ја отфрла теоријата на инфлација туку покажува дека е неопходно понатамошно набљудување и истражување.
Па, ние си го поставуваме прашањето, зошто физичарите конструираат Руб Голдбергов уред?
Нашето моментално разбирање за Универзумот се базира на Стандартниот Модел на Космологијата. Состаноците на Кралското Астрономско Друштво можеби го ставаат Стандардниот Модел во состојба на колапс или едноставно бараат нови уреди и механизми за да моделот остане најдобрата теорија на сé.
Паралелно, други податоци добиени во ЦЕРН го подржуваат постоењето Хигсовиот Бозон и додатно го стабилизираат Стандардниот Модел.
Д-р Брајан Грин, истражувач во областа на Супер теоријата на струни и М-теорија и другите: како д-р Стивен Хокинг, наведуваат дека Стандардниот Модел е чекор посредник кон Големата унифицирана теорија на сè, на Универзумот. Аналогијата на Стандардниот Модел, во еден вид на Голдбергов уред може да се објасни со големата акумулација на се повеќе разновидни набљудувања на космички и квантни скали.
Денес, набљудувања од големите обсерватории на BICEP2, NASA и ESA, кои содржат осетливи инструменти милји под земјата како и внимателно смислени квантни експерименти во лабораториите, го прават Стандардниот Модел најистакнат во објаснувањето на Универзумот. На космолозите им се чини дека никогаш нема да имаме комплетна и докажана теорија на сé, теорија која е елегантна и универзална. Како и да е, овие предизвици со сигурност ќе инспирираат генерации на млади храбри научници кои ќе ги удвојат своите напори за да дојдат до фамозната Голема унифицирана теорија.
Извор: Universe Today
Превод: Марко Шутунов