Дали е можно да постои кварк sвезда?

0

Kваркот е елементарна субатомска честичка; три од нив сочинуваат протон или неутрон. Некои научници го базираат постоење на кваркови sвезди (кои би биле направени од кваркови наместо од целосни протони или неутрони) на позната претпоставка од страна на еминентниот физичар од Принстон, Ед Витен. Тој смета дека вистинската основа на материјата (во смисла на најмала енергија по честички) се состои од мешавина од приближно еднаков број горе, долу и чудни кваркови, со доволно електрони за да се осигура дека оваа супа е електро неутрална. Иако научниците никогаш не ја докажале оваа претпоставка како вистинита, многу теоретски астрофизичари ја сметаат како точна, замислувајќи ги потенцијалните импликации.

кварк

Кварк ѕвезди. До колку навистина постојат би биле помали од неутронски ѕвезди. Заслуги: CXC/M. Weiss

Една хипотеза што произлегува е дека одредени необични sвезди можат да бидат направени целосно од ваква материја – па оттука и името „кварк sвезди“. Таквите објекти веројатно би имале многу слични својства со неутронските sвезди, но би немале минимална маса (додека неутронските sвезди се со 1,1 пати поголема маса од Сонцето) и генерално би биле помали од неутронските sвезди со иста маса затоа што се погусти.

Во моментов нема силни докази дека кварковите sвезди постојат; сепак, некои набљудувања сугерираат на тоа.

На пример, научниците користејќи податоци од опсерваторијата за рендгенски зраци Чандра на НАСА објавија дека блискиот кандидат за неутронска sвезда RX J1856,5–3754 има спектар на Х-зраци во согласност со извор чиј радиус е помеѓу 3,8 и 8,2 километри – тоа е премало за да биде неутронска везда. Ова набудување го поттикна Џереми Дрејк од Смитсонијанската астрофизичка опсерваторија и неговите колеги да го насловат своето издание „Дали RX J1856,5–3754 е кваркова ѕвезда?“ Општиот консензус меѓу астрономската заедница е дека „не е особено веројатно“. Овој одговор во голема мера се должи на неизвесностите во претпоставките што ги направија авторите во нивната спектрална анализа, а со тоа и објектот можеби не е толку мал како што е соопштено. Сепак, RX J1856.5–3754 е интригирачки објект.

Сумирајќи, иако немаме силни докази за постоење на кваркови sвезди, сепак постои некаква можност тие да се таму, но сè уште не можат да се идентификуваат со сигурност.

Превод: Бојана Стефаноска

Извор: astronomy.com

Сподели.