Дали „чукањето на срцето“ на Земјата од 7,83Hz влијае врз човечкото однесување?

0

Некои научници сметаат дека фреквенциите произведени од молњи може да бидат поврзани со нашите мозочни бранови, медитација и хипноза.

Шуманова

Шуманова резонанца

Невремиња со громтевици што удираат околу Земјата околу 50 пати во секунда создаваат електромагнетни бранови со ниска фреквенција што ја опкружуваат планетата. Некои научници мислат дека овие бранови, наречени Шуманови резонанци, може да имаат влијание врз човечкото однесување.

Шумановата резонанца ја одржуваат околу 2000 невремиња со грмотевици што (според НАСА) удираат нашата планета секој момент. Taa може да се најде во брановите што се искачуваат на околу 60 милји нагоре, во долниот дел на јоносферата во нашата атмосфера. Тие остануваат таму благодарение на електричната спроводливост во јоносферата во која има наелектиризирани јони, одделени од атомите на неутралниот гас во областата со помош на сончево зрачење. Ова и овозможува на јоносферата да ги фати електромагнетните бранови.

Шумансовите резонанци ја опкружуваат Земјата, повторувајќи го биењето што се користеше за проучување на електричната средина, времето и годишните времиња на планетата. Течејќи околу нашата планета, бреговите и коритата на брановите се усогласуваат во резонанца за да го засилат почетниот сигнал.

Брановите се именувани по Винфрид Ото Шуман, во чест на неговата влијателна работа за глобалните резонанци во средината на 1950-те години. Овие бранови со многу ниска фреквенција (со основа на 7,83 херци) осцилираат помеѓу поголема и помала енергија и прв пат се измерени во раните 1960-ти. Фреквенцијата од 7,83Hz е наречена „чукање на срцето“ на Земјата. Прогресивно послаби хармонии се измерени на околу 14,3, 20,8, 27,3 и 33,8Hz.

Бранови направени од молњи во атмосферата на Земјата „протекуваат“ кон вселената

Резонанците варираат со варијации во јоносферата, при што интензитетот на сончевото зрачење игра главна улога. На пример, навечер, тој дел од јоносферата станува потенок.

Светските жаришта на молњи во Азија, Африка и Јужна Америка, чии бури се сезонски и под влијание од ноќта или денот, исто така, влијаат на јачината на резонанцата.

Овие бранови се проучени и за нивното влијание врз луѓето. Студија од 2006 година покажа дека фреквенциите може да се поврзани со различни видови мозочни бранови. Истражувачите ја опишаа „кохерентноста во реално време помеѓу варијациите во Шуман и спектрите на мозочната активност во опсег од 6-16Hz“. Авторите на трудот од 2016 година од Бихевиоралната невронаучна лабораторија на канадскиот универзитет Лорентијан откриле дека при 238 мерења на 184 лица во период од 3,5 години „се покажаа неочекувани сличности во спектралните обрасци и јаки страни на електромагнетните полиња генерирани од човечкиот мозок и празнината меѓу Земјата и јоносферната.“

Исто така, некои ја поврзуваат Шумановата резонанца од 7,83Hz со хипноза, медитација, па дури и човечки хормони за раст, но има помалку ригорозни научни докази за тие врски во овој момент.

Дали нашите тела навистина можат да бидат погодени од електромагнетни фреквенции генерирани од непрекинати удари на молњи? Секако дека некои од шпекулациите се впуштаат во науката за новото време. Некои веруваат дека скок на резонанцата може да влијае врз луѓето и животните, а пак може да се случи и пресврт, каде што човечката свест може да биде под влијание и самата да влијае на Шумановата резонанца. Според оваа логика, ненадејниот извор на глобален стрес што предизвикува светска напнатост ќе може да ги промени резонанците. Некои дури и сметаат дека изумирањето на диносаурисите е поради стресот од Шумановата резонанца, предизвикана од древниот удар во Чиксулуб, кога огромен астериод го погоди Мексико.

резонанца

Фрекфенциите во Шумановата резонанца

Додека имагинативните ефекти од Шумановата резонанца се уште предмет за многу повеќе научни студии, фасцинацијата со овој уникатен природен феномен продолжува.

Превод: Софија Спировска

Извор: bigthink.com

Сподели.