Чудесна вселена: Свет во кој наместо дожд, паѓа стакло

0

Во далечната 1992 г. се случи одличен настан: откриена е прва планета надвор од Сончевиот систем. Иако се претпоставувало многу одамна дека вакви планети постојат, дури од неодамна астрономите имаат докази за нивните постоења.

Некои од нив се слични на планетите внатре во нашиот систем, додека други имаат особини кои се збунувачки за астрономите. Таква планета е екстрасоларната планета – ХД 189733б. Зад генеричкото име се крие чудесен свет, за кој никој не се надевал дека постои.

ХД 189733б кружи околу матична ѕвезда на оддалеченост од само 5 милиони километри. За споредба, дванаесет пати е поблиску до својата ѕвезда, отколку Меркур до нашето Сонце. Но, тоа не значи дека димензиите на Меркур се помасивни од Јупитер, кој на секои два дена прави револуција околу своето сонце.

Атмосферата и е азурно сина, но таа нема облик на гасовитата обвивка која ја има Земјата. Во неа преовладуваат честици од силикати, кои се составни делови на стаклото, па поради тоа, астрономите шпекулираат дека таму паѓаат вистински стаклени дождови.

Поради блиската ѕвезда, која е секогаш свртена со истата страна, во горните слоеви од атмосферата има буквално пеколни жештини: дневната страна достигнува и до 3.000 ˚C, додека ноќе е поладно за околу 300 ˚C.

Ваквата разлика во температурата е причина за фантастични силни ветрови, кои се движат околу атмосферата на планетата со брзини од речиси 10.000 км/ч. што е речиси осум пати побрзо од звукот. Со комбинација на овие ветрови и честиците силикати, се создаваат најсилни паѓања кои човекот ги забележал, а кои во момент ќе претвори во прашина било каков истражувачки апарат, кој човекот таму би го испратил.

Цената од ваквата близина на ѕвездата за планетата ХД 189733б е застрашувачка: од сонцето околу кого кружи, повремено еруптираат силни млазеви, кои едноставно ги отпушуваат горните слоеви на атмосферата, па поради тоа, планетата понекогаш изгледа како комета со голема опашка од плин.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanost

Сподели.