Човекот во Индија сепак најверојатно не бил убиен од удар од метеорит

0
Човекот во Индија сепак најверојатно не бил убиен од удар од метеорит

Каменот пронајден на местото на ударот е во рацете на полицијата и ќе подлежи на понатамошни испитувања од страна на експертите. Извор: Полициска станица Тамил Наду

Деновиве кружеше вест дека човек во Индија почина при несреќен случај откако го погоди метеорит. Ова ќе беше првиот смртен случај како последица од метеорски удар, но најверојатно не е.

Научниците уште веднаш пристапија со сомневање кон официјалниот извештај од индиската влада, со оглед на тоа што немаше никакви предвидувања за метеорски дожд и не беа детектирани метеори низ атмосферата. Во меѓувреме, од НАСА беа уште поубедени дека кратерот бил предизвикан од копнена експлозија, а не метеорит.

Мислењата се поделени и конечниот одговор ќе остане мистерија. Пронајдениот камен кој тежи околу 10 грама, според некои всушност е малечок метеорит, според други можеби е остаток од вселенски отпад кој не успеал да согори како што паѓал низ атмосферата.

Според меѓународните организации кои водат евиденција, досега ниту еден метеорит не предизвикал смртен случај. Најблиску до ова е случајот од 1908 година, кога се појавил силен блесок во атмосферата над Сибир. Експлозијата срамни со земја голема површина на шума, усмрти двајца луѓе и стотици елени. Но, потоа не бил пронајден никаков остаток од метеорит.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Space

Сподели.