Брзината на светлината може да е побавна од денешната прифатена бројка

0
Брзината на светлината може да е побавна од денешната прифатена бројка

Оваа слика покажува остатоци од Суперновата 1987A, гледана во различни бранови должни. Податоците од ALMA (црвено), ја покажуваат новоформираната прашина во центарот од остатокот. Податоците од Хабл (зелено) и Чандра (сино) го покажуваат проширувачкиот ударен бран. Заслуги: АЛМА/НАСА

Физичарот Џејмс Френсон од Универзитетот во Мериленд го добива вниманието од заедницата за физика со тоа што објавува статија во која тврди дека пронашол докази кои укажуваат кон можност за побавна брзина на светлината. Во својот труд тој сугерира дека онаа брзина на светлината која е одредена од Ајнштајновата општа теорија на релативност и истата е денес општо прифатена, е всушност помала отколку што се мисли.

Општата теорија на релативност сугерира дека светлината патува со константна брзина од 299,792,458 метри во секунда во вакуум. Таа ја претставува буквата ‘c’ во познатата Ајнштајнова равенка и скоро сè што до денес е измерено во Универзумот е базирано на оваа бројка—кратко кажано, оваа бројка е доста важна. Но што доколку таа е грешна?

Аргументите на Френсон се базирани на набљудување направено на Суперновата SN 1987A која експлодирала во 1987 година. Мерењата тука на Земјата забележале пристигнување на фотони и неутрони од експлозијата, но имало и проблем—пристигнувањето на фотоните било подоцна од очекуваното време и тоа за 4.7 часови разлика. Научниците од тоа време оваа нерегуларност ја припишале на веројатноста дека фотоните што пристигнале потекнувале од друг извор. Но, Френсон го поставува прашањето: што ако ова е грешка? Што ако светлината се забавува за време на патувањето заради својството на фотоните познато како вакуумска поларизација, каде фотонот се дели на позитрон и електрон, за многу кратко време пред повторно да се спои во фотон. Оваа активност би создала гравитациски диференцијал помеѓу парот од честички, кој според него би имал мало енергетско влијание при неговото повторно спојување—и тоа доволно енергија да причини мало забавување во патувањето.

Доколку вакво двоење и спојување се случува многу пати со многу фотони и тоа на пат од 168 000 светлински години (растојанието од споменатата супернова), тогаш оваа активност лесно би ги додала 4.7-те часа на задоцнување, вели Френсон.

Доколу идеите на Френсон се покажат како точни, тогаш скоро сите мерења кои се направени како основа на космолошката теорија ќе бидат неточни. На пример, светлината од Сонцето ќе патува подолго од досега мереното, а светлината која доаѓа од далечни објекти ќе биде со значително поголемо задоцнување од досегашните пресметки. Имликациите се восхитувачки и скоро сите мерења досега ќе мора да бидат одново пресметани. Во некои случаи, астрофизиката ќе мора да почне од почеток како би се избегнале огромни грешки во пресметките.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: Phys.org

Сподели.