Бетелгез е оддалечена околу 500 светлосни години и не е доволно близу да предизвика било каква сериозна штета. Можеби ќе видиме малку штета врз озонската обвивка или некое мало покачување на радијацијата врз површината на Земјата, но и двата ефекти би биле премногу мали за да се значајни.
Врз основа на најновите податоци добиени со моите соработници, една масивна ѕвезда би требало да е оддалечена помалку од 150 светлосни години за да предизвика мерлива штета. Мислиме дека ова можеби се случило пред 2,6 милиони години и најверојатно допринело кон истребувањето на крајот на плиоцената кое ја отстранило морската мегафауна. (Повеќе во изданието на журналот Астробиологија (Astrobiology) од 27.11.2018 и под „Дали супернова може да ги објасни древните масовни истребувања?“ на страна 11 во изданието на Астрономија (Astronomy) од Април 2019)
Супернова на оддалеченост до 25 светлосни години би предизвикала масовно истребување што најверојатно се има случено еднаш или повеќе пати во последните 500 милиони години.
Најголемата сегашна закана се најверојатно сончевите протонски бури, кои се случуваат кога Сонцето ослободува висок број на високо енергетски протони кои можат да направат преќин во комуникациите и да влијаат врз електричните мрежи. Овие настани може да бидат катастрофални за нашата технолошка цивилизација.
Адриан Л. Мелот
Емеритус Професор,Оддел за Физика и Астрономија
Универзитет на Канзас, Лоренс, Канзас
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: www.astronomy.com