Атмосферата на Титан е многу послична на нашата од досегашните мислења

0
Атмосферата на Титан е многу послична на нашата од досегашните мислења

Фотографија во боја од поларниот ветер на атмосферата на Титан. Извор: НАСА

Научниците направија истражувања на поларен ветар кој го движи гасот од атмосферата на Сатурновата месечина Титан. Биле анализирани податоци кои биле правени повеќе од седум години од страна на леталото Касини. Откриено е дека преку поврзаноста на атмосферата на Титан со соларното магнетно поле и радијација се создаваат ветрови од јаглеводороди и нитрили кои се разнесуваат од поларните предели кон Вселената. Ова е многу слично на ветарот кој доаѓа од поларните делови на Земјата.

Титан е еден од најисклучителните објекти во нашиот систем. Како Земјата и Венера, има карпеста површина и дебела атмосфера. Ова е единствениот објект во Сончевиот систем кој покрај Земјата има реки, дождови и мориња. Поголем е од планетата Меркур. Благодарение на овие невообичаени карактеристики Титан е најпроучуваниот сателит, веднаш по нашата Месечина. Атмосферата на оваа месечина е сочинета претежно од азот и метан, со 50% поголем притисок на површината во споредба со Земјата.

Уште пред неколку години, благодарение на инструментот CAPS (Cassini Plasma Spectrometer) вграден во Касини, се откри дека од атмосферата на Титан се губат околу седум тони јаглехидрати и нитрили секојдневно, но немаше никакви објаснувања за причините за оваа појава. Јаглехидратите се молекули кои содржат метан и други познати супстанци како природен гас, бензин, битумен. Нитрилите се молекули од цврста врска помеѓу азот и јаглерод.

Според новото истражување, загубата на материја од атмосферата се должи на поларниот ветер кој е потпомогнат од интеракцијата помеѓу Сончевата светлина, соларното магнетно поле и молекулите кои се наоѓаат во најгорните делови на атмосферата.

Иако Титан е десетици пати подалеку од Сонцето отколку Земјата, сепак горниот дел од атмосферата е многу изложен на светлина. Тоа предизвикува исфрлање на негативно наелектризирините електрони од молекулите на јаглехидратите и нитрилите, оставајќи ги позитивно наелектризираните честички зад себе. Овие електрони, познати како фотоелектрони, имаат специфична енергија од 24.1 електронволти, што значи дека можат да бидат препознаени одвоени од останатите електрони од страна на инструментот CAPS.

За разлика од Земјата, Титан нема сопствено магнетно поле, но е опколен од брзоротирачкото магнетно поле на Сатурн, кое околу сателитот формира и опашка како кај кометите. Инструментот на Касини детектирал фотоелектрони кои патуваат низ линиите од магнетното поле. Тие се шират низ јоносферата и опашката и создаваат електрично поле. Ова пак, е доволно силно да ги привлече позитивните честички низ осветлените делови од атмосферата, создавајќи го распространетиот ветер кој беше набљудуван од страна на научниците. Овој феномен дотогаш беше забележан само на Земјата, на поларните региони каде е отворено магнетното поле на Земјата. Бидејќи Титан нема сопствено магнетно поле, овие појави може да се случат и на поголеми региони, а не само поларните. Постојат сомнежи дека вакви појави може да има и на Марс и Венера, планетите кои се наслични на нашата. Ова ги потврдува теориите дека Титан, иако е далечно тело кое орбитира околу гасен џин е еден од најсличните објекти на Земјата во рамките на Сончевиот систем.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.