Огромна црна дупка ги порекнува современите теории за развитокот на галаксиите

0
Сликата е направена од Мишел С. Хелфенбеин при унервизитетот Јеил (Michael S. Helfenbein/Yale University) со илустрација на црна дупка која што пораснала побрзо од нејзината галаксија.

Сликата е направена од Мишел С. Хелфенбеин при унервизитетот Јејл (Michael S. Helfenbein/Yale University) со илустрација на црна дупка која што пораснала побрзо од нејзината галаксија.

Се смета дека во центарот на скоро секоја галаксија има супермасивна црна дупка која опфаќа приближно 0.5% од вкупната маса на галаксијата.

Така, пронаоѓањето на галаксијата со име CID-947, со црна дупка која опфаќа дури 10% од вкупната маса на галаксијата ги остави научниците во шок, бидејќи ги предизвикува и порекнува современите теории за развитокот на галаксиите.

Се чини дека оваа супермасивна црна дупка стара 11.7 милијарди години растела многу побрзо од нејзината галаксија. Оваа црна дупка, која се формирала 2 милијарди годни по Големиот прскот (The Big Bang), претставува една од најмасивните црни дупки досега пронајдени, со маса седум милијарди пати поголема од таа на нашето Сонце.

Главен автор на трудот, Бени Трактенберт од ЕТХ (ETH) институтот за астрономија во Цирих, изјави дека „оваа џиновска црна дупка е во галаксија со нормална големина“ која далеку ги надминува очекувањата за големината на црни дупки во галаксиите. Во интервју за IFL Science, тој додаде дека „црната дупка сигурно растела прва, а галаксијата својот максимум допрва ќе го достигне.“

Она што е чудно е дека галаксијата сè уште расте и создава нови ѕвезди, што се спротивставува на теоријата дека создавањето на нови ѕвезди е оневозможено поради радијацијата која доаѓа од црни дупки во фаза на растење.

Можеби оваа галаксија е претходник на оние помасивните и екстремни галаксии кои постојат во Вселената, но сепак нејзиниот растеж ќе ги смени современите теории за развитокот на галаксиите. Според Space.com, ова откритие може да ја поддржи теоријата дека црните дупки растеле неверојатно побрзо во раниот Универзум, со оглед на тоа дека Вселената била помала и позбиена.

Откритието, објавено во списанието Science, беше направено со помош на алатката MOSFIRE од опсерваторијата Кек (Keck) сместена на Хаваите. Сепак, ова дојде како изненадување бидејќи тимот вршел рутинско истражување на црни дупки и не очекувал да најде нешто толку егзотично.

„Проектот беше специфично дизајниран да бара нормални црни дупки во типични галаксии,“ изјави Клаудија Меган Ури, професор по астрофизика при универзитетот Јејл во Мунсон-Израел и ко-автор на трудот. „Многу нè шокираше кога видовме толку голема црна дупка во толку оддалечено подрачје.“

Меѓународниот тим вклучен во овој проект се состои од астрономи од универзитетот Јејл, ETH Цирих, институтот Макс Планк во Германија, универзитетот Харвард, универзитетот на Хаваите, Астрономската опсерваторија во Рим (INAF – Osservatorio Astronomico di Roma) и универзитетот Оксфорд.

Превод: Стефан Цеков

Извор: IFL Science

Сподели.