Астрономите ја набљудуваат најблиската супернова во оваа генерација

0

Истражувачите, меѓу кој и физичар од Техничкиот Универзитет во Тексас, за прв пат ја проучуваат најблиската супернова од тип Ia, откриена во оваа генерација. Близината на експлозијата до Земјата може да доведе до подобро разбирање на ваквиот тип на супернови кои астрономите ги користат како мерачи на растојанија во универзумот, како и за проучување на историјата на експанзијата.

Истражувањето е изведено од страна на Универзитетот во Стокхолм и објавено во весникот Astrophysical Journal Letters.

Користејќи посебна спектроскопска камера развиена од страна на Дејвид Сенд, асистент професор во техничкиот оддел по физика во Тексас, тимот забележал дека суперновата е на растојание од само 12 милиони светлосни години од Земјата. Забележувањето на ваква супернова, од оваа близина е многу важно, вели тој, бидејќи астрофизичарите ги користат овие ѕвезди за да ги пресметуваат растојанијата во универзумот.
“Ваквиот тип на Ia супернови генерално гледано се многу значајни за астрономите”, тој вели. “Тие ни дозволуваат да мериме растојанија од ред на речиси 10 проценти. Овие супернови се униформни и експлозиите емитуваат еднаква интринзична светлина. Па доколку суперновата ја гледаме како сијалица од 60 вати, тогаш сијалицата во една соба ни дава поголем интензитет на светлина во споредба со светилка која е одалечена на една милја. Тие сепак произведуваат иста количина на светлина па затоа сме способни да ја воочиме нејзината оддалеченост.”

Истражувачите ја користеа FLOYDS спектографската камера на Сенд во Хаваи со цел да ја забележат суперновата. Контролирани од Las Cumbres Глобалната Опсерваторија и Мрежа на Телескопи, една од само двете такви во светот, камерите работат комплетно автоматски (роботски) и овозможуваат на научниците да ги потврдуваат суперновите поскоро од било кога до сега.

Во последните 6 месеци, Сенд и останатите потврдија 30 различни супернови со новата камера. Суперновата била набљудувана преку “Intermediate Palomar Transient Factory” проектот кој претставува соработка на Калифорнискиот Институт за Технологија, “Los Alamos National Labaratory” со Универзитетот од Висконскин, како и доста други. Ова автоматско набљудување на небото е насочено кон пронаоѓањето на минливи настани поврзани со супернови. Набљудувањето пронаоѓа стотици супернови годишно и научниците се обидуваат да разберат кој тип на ѕвезди во каков тип на супернови резултираат.

Фотографија од прашината добиена од Кек обсерваторијата

Сенд кажува дека Ia суперновите почнуваат како ѕвезди, “бели џуџиња” од јаглерод/кислород, кои се “хранат” од соседната нормална ѕвезда. Откако белото џуџе ќе акумулира доволно материјал, достигнувајќи маса која е 1.4 од онаа на сонцето и тоа компресирана во топка со големината на Земјата, таа станува нестабилна и доживува експлозија во форма на супернова, процес, кој сеуште не е целосно разбран.

Фактот што суперновите имаат тенденцијата да експлодираат при одредена маса и осветленост, ги прави одлични репери за пронаоѓање на растојанија.

Сепак, Ариел Губар од Оскар Клај Центарот во Универзитетот од Стокхолм, вели дека доказите можно е да укажуваат дека овој тип на супернови имаат поразличен начин на формирање. Губар и соработниците ги искористиле сликите пред ескплозијата, од регионот на М82 галаксијата каде што настанала суперновата, добиени од Хабл и Паломар Ошин телескопите, со цел да бараат ѕвезда или поранешна “нова”-ерупција кај локацијата на експлозија.

Недостатокот од детекција на претходни експлозии сугерира дека настанокот на суперновата можеби потекнува од соединувањето на компактни бледи објекти, како на пример две ѕвезди од типот на бели џуџиња.

“До неодамна, за водечкиот модел за стандардните “светилник” (“candle”) супрнови се сметаше дека вклучуваат и ѕвезда придружник чија материја е апсорбирана од белото џуџе се додека акумулираната маса е толкава што веќе не може да биде одржана од притисокот, што доведува до неконтролива термонуклеарна експлозија”, вели Губар. “Набљудувањата од оваа супернова се голем предизвик за ова теоретско размислување ”.

Тројца научници ја освоија Нобеловата награда за Физика во 2011 година откако искористија супернова од типот Ia за да забележат дека универзумот доживува експанзија, а додатно, дека таа експанзијата е во забрзување.

Слика од времето пред експлозија на суперновата добиено од Хабл Телескопот

Феноменот кој го предизвикува забрзувањето е именуван како темна енергија и Сенд верува дека преку детално изучување на Ia типот на супернови ќе добиеме подобри релации за растојанието на универзумот, а додатно и подобро разбирање за темната енергија.

“Доколку можеме да ги одредуваме растојанијата со точност подобра од 10-тина проценти, верувам дека тоа ќе води кон откривање на детали поврзани со темната енергија кои треба да ги сознаваме”, вели тој. “Всушност, за темната енергија не се знаеше до пред неколку години. Универзумот делува како да ќе се растргне. Во моментов не постои добар физички модел или објаснување за темната енергија.”

Добрата вест е близината на суперновата до нашата планета, вели Сенд. Лошата вест е што астрономите успеале да ја забележат суперновата дури 8 дена од кога таа се случила – Факт кој тие го заклучија од кога изучија податоци од аметрски астрономи.

Додатно на тоа, експлозијата е во M82 Галаксијата, која поседува многу прашина заради големиот број на локални ѕвездени формации. Суперновата била тешка да се забележи токму заради прашината.

“Прашината е интересна бидејќи сите супернови вклучуваат одредена количина на прашина”, тој вели. “Но постојат загрижувачки показатели дека прашината различно се однесува кај другите галаксии, во споредба со нашата. Овие детали ги забележуваме од време на време кога набљудуваме екстерни галаксии. Сепак се чини дека можеби не ги имаме јасно разбрано дејствијата на прашините”

Извор: Phys.org

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.