Девет начини како да ги заинтересирате вашите деца за астрономија пред крајот на летото

0

Сè уште има време пред повторно да започне училиштето – искористете ги пријатните вечери за да го разбудите интересот за астрономијата.

Децата се природно љубопитни за светот, така што приближувањето на вашите деца во астрономија би можело да биде лесно ако се направи правилно. Започнете со нешто забавно за да го привлечете интересот, како набљудување на ѕвезди или игра. Еве девет начини да ја направите астрономијата број еден интерес на вашето дете ова лето.

  1. Набљудување на ѕвезди

Кое дете не сака да остане покасно од своето време за спиење за да оди на авантура? Донесете многу ќебиња и ужина, и пронајдете сценско место надвор од градот. Додека секоја јасна ноќ може да биде добра за оваа активност, изборот на една со посебен астрономски настан ќе го направи незаборавлив и ќе разбуди поголем интерес.

деца 1

Заслуги: Babak A. Tafreshi

Ова лето, побарајте го светлиот Јупитер по зајдисонце. Антарес, ѕвездата што го обележува срцето на соѕвездието Шкорпија сјае на само неколку степени од него. Волшебната месечев срп ќе се  поклопи со врвот на метеорскиот дожд Персеиди (ноќта од 12-13 август) оваа година, но можете да барате метеори во неделата пред или по овој датум.

  1. Бои или стикери кои светат во темнина

Можете исто така да ги внесете sвездите внатре со создавање на соsвездија на таванот во собата на вашето дете со светлечки бои или комплети од соѕвездија. Ако вашето дете е доволно старо, ова е забавна активност што треба да ја направите заедно – и можете да споделите неки интересни факти додека работите, на пр. дека на чистата ноќ можете да видите до оддалеченост од 2,5 милиони светлосни години на небото..

  1. Филмови

Астроном Карл Сеган од серијата Космос .

Обидете се да го искористите времето на екранот за да го зголемите интересот на вашето дете за небото. Постојат неколку видео игри од НАСА како и видеа на ЈуТјуб, документарни филмови, па дури и телевизиски емисии кои можат да го едуцираат и инспирираат вашето дете да ги истражува чудата на универзумот. Нил ДеГрас Тајсон и Карл Саган се познати по своите ентузијастички и привлечни нарации.

  1. Sвездени мапи или апликации

Еден начин да го направите небото попривлечно е да користите ѕвездена мапа или апликација. Децата можеби претпочитаат интерактивна дигитална верзија наместо  реалното ѕвездено небо. Ако сакате нешто што е класика одберете го Sky & Telescope’s Planispheres. Или изберете го Stellarium, целосно функционален дигитален планетариум кој може бесплатно да се симне. Апликацијата Star Walk 2 е со моментална цена од 2,99 долари. Со одличен, лесен за употреба интерфејс на мобилните уреди, обезбедува дополнителна содржина за оние кои сакаат да истражат подлабоко.

  1. Двогледи и телескопи за деца

При изборот на првиот телескоп на вашето дете, одете на поевтин модел со добри перформанси кој е наменет за деца за да се избегбе фрустрација при користењето. Некои опции доаѓаат со контролата Go To, што може да им помогне на почетниците да го насочат телескопот и да идентификуваат што сакаат да видат.

деца 2

Канон двогледи со стабилизација на слика.

Дури и подобро за некој што само што почнува да го учи ноќното небо е пар двогледи – со широко видно поле, двогледи можат да овозможат истражување на начини на кои не можат да се гледаат телескопите со голема моќ, а се и помалку скапи! Повеќето деца треба да бидат научени како да користат двоглед , но тој тренинг може да се направи во дневните часови со големи, лесни цели.

Бидете сигурни да разговарате со нив за опасностите од гледање директно на Сонцето! Гледањето на Сонцето преку нефилтрирани двогледи ќе предизвика неповратно оштетување на нивните очи.

  1. Посета на планетариум

Покрај тоа што нуди внатрешно место за да се оладите во текот на жешките месеци, планетариум нуди неверојатен поглед кон универзумот. Со различни тури на Месечината, sвездите, Сонцето и другите аспекти на универзумот, планетарумите ги задоволуваат сетилата, истовремено доставуваваат факти што ќе го воодушеват вашето дете.

  1. Игри

Вметнување на учење во забавни активности е сигурен облог со децата. Постојат многу игри со теми од астрономија, како што е Patrick Moore’s Astronomy Game. Можете исто така да го пренасочите времето на екранот кон игрите пронајдени на страницата NASA’s Space Place. Нивните активности им помагаат на децата да ги истражуваат Земјата, Сонцето, Сончевиот систем, кометите, црните дупки, временските системи и многу повеќе. За постарите деца кои веќе развиле интерес, помогнете им да ги тестираат своите знаења со квизови за астрономијата.

  1. Подкасти

деца 3

Ако одите на пат, пуштете си подкаст. Sky & Telescope објавува месечен подкаст кој ги истакнува претстојните небесни настани. StarTalk на Нил ДеГрасе Тајсон ја меша астрономијата со физиката и поп културата во забавни едночасовни сесии. Подкастите може да направат добар додаток на читањето и тие даваат одлична алтернатива на филмовите бидејќи не е потребен екран. Постојат дури и подкасти кои можете да ги преземете за да ги понесете со вас на следното ѕвездено набљудување. Ако вашето дете има краток век на внимание, обидете се со StarDate, дневен билтен со астрономија објавен од опсерваторијата Мекдоналд, кој трае само 2 минути.

  1. Астрономски камп или ѕвездена забава

Ако вашето дете е веќе подготвено за интерес за астрономија, размислете да го испратите во летен камп за да го потопите во чудата на универзумот за една недела или повеќе. Повеќето од овие кампови се за деца на возраст од девет и постари, а има и некои каде можете да им се придружите на вашите деца во летна семејна авантура. Ако сакате кампување, ѕвездените забави исто така можат да направат одлична семејна прошетка.

Изберете една од овие идеи заснована врз она што го знаете за склопот на активности на вашето дете и запомнете дека колку повеќе го споделувате чувството за чудо и љубопитност отколку да му приоѓате на ова како нешто што треба да го научат, толку поотворено ќе бидат.

Превод: Бојана Стефаноска

Извор: skyandtelescope.org

Сподели.