Впечатоци од фотографирање на тоталното затемнување на Месечината

0

Вечерта околу 19:30 Лука Пешиќ и јас започнавме со поставување на опремата за фотографирање на затемнувањето на месечината. Локацијата која ја одбравме беше паркот кај авионот во Аеродром, поточно, се сместивме на клупите веднаш до црквата.

Брзо се наместивме, седнамве на клупата и додека чекавме да се појави месечината разговаравме за облаците кои се простираа по должината на хоризонтот баш каде што требаше да се случи изгревот. Надежни и полни со оптимизам бевме убедени дека облакот ќе остане на хоризонтот а месечината за брзо време ќе се искачи повисоко и ќе можеме непречено да уживаме и да го фотографираме феноменот на затемнувањето.

Во 20:14 се појави месечиата и ја направивме првата фотогравија а веќе во 20:16 влезе во облакот над неа.


Рекле дека домашниот есап не излегувал на пазар. Така се случи и вчера, облакот на хоризотот кој се надевавме дека ке остане долу, започна да се крева заедно со месечината. Во следните 60 минути неколку пати се случи да се појави отвор и да можеме да гледаме и фоткаме. Тогаш и направивме неколку слики од различи фази на затемнување.

Марс, кој требаше да биде во близина на месечината успеа на два пати да ѕирне низ облаците.

Следеа минути на чекање и гледање во облаци. Повеќе минувачи застануваа да прашаат за затемнувањето и да погледнат. Можевме да им дадеме да погледнат фотките на апаратот. Додека чекавме на повторно појавуванје на месечината, на другата страна можеше да се види јупитер со неговите 4 најсјајни сателити. Направивме обид да го фотографирање.


Финалната фотка од затемнувањето беше направена во 21:41, а набрзо потоа поради облачност и појава на грмотевици се спакувавме и си заминавме накај дома.

Текст: Боби Кузманоски

Сподели.