Животот се вратил за кратко време на местото на ударот на астероидот кој ги убил диносаурусите

0

Удар од астероид пред 66 милиони години истребил голем дел од животот на планетата, но микроорганизмите брзо се вратиле во бројност. Ново истражување открива докази кои укажуваат на разнолика популација од планктони и други организми кои живееле во кратерот само неколку години по ударот. Трите влакнести форми на лево се вид на планктон најден во кратерот. Геометриската форма (доле лево) е вид на алга. Мали организми како овие се населиле во кратерот толку брзо што коските од животните кои биле убеини од ударот, како оние на мосасаурот на сликата, сеуште биле видливи. Заслуги: Уметничко дело на Џон Маисано, Универзитет на Тексас, школа за геонауки Џексон.

Пред 66 милиони години, астероид удрил во Земјата започнувајки процес на масовно истребување кој бил крајот на владеењето на диносаурусите, уништувајки 75% од живиот свет. Иако астероидот убил многу видови, ново истражување предводено од Универзитетот на Тексас во Остин открива дека кратерот кој настанал од самиот удар бил дом на морски живот помалку од десет години по ударот, содржејки успешен екосистем за 30000 години – многу побрзо отколку на други места на планетата.

Научниците биле изненадени од откритијата кои ја поткопуваат теоријата дека враќањето на животот на локациите најблизу до кратерот е најспоро поради контаминацијата на околината (на пр. со токсични метали) која настанала од ударот. Наместо тоа доказите велат дека враќањето на животот низ светот било воглавно под влијание на локални фактори. Ова откритие може да има импликации во однос на животните средини кои се погодени од климатски промени денес.

„Најдовме живот во кратерот само неколку години по ударот, што е многу кратко време, изненадувачки брзо.“ – вели Крис Ловри – постдокторант истражувач на Универзитетот на Тексас на Институтот за геофизика кој го предводи истражувањето. „Ова ни кажува дека нема голем степен на предвидливост кога станува збор за враќањето на животот.“

Истражувањето беше објавено на 30 Мај во Природа. Научниците истражувачи Гејл Кристесон и Шон Гулик од институтот заедно со постдокторантот истражувач Корнелија Расмусен се коавтори на трудот покрај тим на меѓународни научници. Институтот за геофизика на Универзитетот на Тексас е истражувачка единица на Школата за геонауки Џексон.

Јадрото кое ги содржи првите знаци на живот по ударот кој ги истребил донсаурусите пред 66 милиони години било земено од кратерот во 2016 од страна на научна мисија за дупчење изведена од лифт-бродот Миртл ( прикажан на сликата ), брод издигнат над морската површина на три нозе. Заслуги: Крис Ловери, Универзитет на Тексас, Остин.

Доказите за животот доаѓаат воглавно во форма на микрофосили – остатоци од едноклеточни организми како алги и планктони – како и ископините на поголеми животни откриени во каменот екстрахиран од кратерот за време на неодамнешното научно дупчење изведено заеднички од страна на „Океанската програма за истражување“ и „Интернационалната програма за континентално дупчење“.

Малите фосили се силен доказ дека организмите живееле во кратерот, но исто така генерален индикатор за населливоста на околината по ударот. Брзото враќање на животот во областа сугерира дека други животни форми освен микроскопските живееле во кратерот брзо по ударот.

„Микрофосилите ни овозможуваат да ја замислиме целосната слика на заедницата во тој период“ вели Ловри. „Земаш парче камен и во него има илјадници микрофосили, од кој може да ги набљудуваме промениве во популацијата со голем степен на доверливост… од тоа може да добиеме информации за поголемите организми.“

Според најраниот доказ кој го откриле научниците животот се појави две до три години по ударот. Доказите вклучуваат мали ископини направени од мали ракчиња или црви. Веќе 30,000 години по ударот во кратерот бил присутен успешен екосистем со расцутени фитопланктони и разнолика заедница на организми на површината и дното на морето. Наспроти ова во други области околу светот, вклучувајки го и Северниот Атлантик и други делови на Мексичкиот Залив, биле потребни до 300,000 години за да се врати животот.

Јадрото со фосилните докази било екстрахирано од кратерот за време на експедиција во 2016 година предводена од школото Џексон. Во овој труд научниците се фокусирале на уникатен дел кој го претставува морското дно по ударот во голем детаљ. Додека примероците од другите делови на океанот содржат само милиметри на материјал депониран во моментите по ударот, оваа секција од кратерот искористена во истражувањето содржи повеќе од 130 метри ваков материјал, од кој горните 762 mm се издвоиле споро од матната вода. Овој материјал ни дава запис за животната средина на морското дно денови, до години по ударот.

Parvularugoglobigerina eugubina, вид на планктон, е еден од првите видови кои се појавиле по крајот на истребувањето во период Креда. Овој примерок бил најден во јадрото откриено со бушењето од страна на 364тата експедиција на „Интернационалната океанска програма за откривање“ во ударниот кратер Чиксулуб (Chicxulub). Заслуги: Крис Ловри, Универзитетот на Тексас, Остин.

„Може да ги видите слоевите во ова јадро, за разлика кај другите каде се генерално измешани, што значи дека податоците кој може да ги добиеме од фосилите и материјалите се испомешани и од нив не може да се разликуваат мали временски интервали.“ вели коавторот Тимоти Браловер, професор по микропалеонтологија на Државниот Универзитет на Пенсилванија. „Имаме фосилни податоци каде не можеме да разликуваме дневни, неделни, месечни, годишни промени.“

Елен Томас, постар истражувач научник по геологија и геофизика на Јејл Универзитетот која не е дел од истражувањето вели дека иако мисли дека трудот презентира добар став за брзото враќање на животот, таа очекува дека пошироката научна јавност ќе се заинтересира самата за „копање по податоците“.

„Според мене ќе просведочиме голема дебата во однос на карактерот, годината, степенот на седиментација и микрофосилната содржина … особено околу шпекулацијата дека животни кои направиле ископувања се вратиле само неколку години по ударот“ – вели Томас.

Релативно брзото враќање на животот во кратерот сугерира дека иако астероидот предизвикал истребување, не го спречил неговото заздравување. Научниците укажуваат на локални фактори, од циркулацијата на водата до интеракциите меѓу организмите и пристапот до еколошки ниши како фактори кој го имаат најголемото влијание врз заздравувањето на конкретниот екосистем.

Откритијата водат кон тоа дека заздравувањето по глобална катастрофа може да претставува локално прашање.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: Phys

Сподели.